Како грижата за себе води до подобри резултати кај дебелината
Стујардесите со децении нè потсетуваат за важноста на маските за
кислород во авион. Сепак, грижата за сопствените потреби пред да им
помогнеме на другите е подеднакво важна во секојдневниот живот, како и
во вонредни околности за време на авионски лет. Иако на прв поглед
изгледа себично од наша страна, грижата за себе има изразито
впечатлива улога во обидите за успешно справување со дебелината.
д-р Мајкл Валис, октомври 2020
Која е разликата помеѓу грижата за себе и себичноста? Дали ќе ве
изненади тоа што луѓето што живеат со дебелина треба постојано да
балансираат во свет во кој се присутни стигма
и предрасуди.
Тогаш не е изненадувачки да се знае дека луѓето што живеат со дебелина
настојуваат да избегнат критики станувајќи чувствителни и внимателни
кон другите и често го менуваат својот начин на однесување
за да ги избегнат критиките.
Во врска со ова, мене како психолог ме загрижуваат две работи.
Првата: Оваа динамика прави луѓето да ги задоволуваат барањата,
потребите и желбите на другите и втората: Овој образец ја нарушува самодовербата
затоа што без разлика што и да прават луѓето што живеат со дебелина,
стигмата е неизбежна. Можеби сте го чуле мислењето дека предрасудите
за дебелината се едни од последните што се прифатливи.
Share
„Луѓето се социјални битија, и како резултат на тоа повеќето од нас
се чувствителни на чувствата и односот на другите спрема нас.“
Самодовербата
може да биде кревка. Во текот на животот претрпуваме различни
удари и се соочуваме со различни пречки. Ова важи за сите нас, без
разлика колку е силна нашата самодоверба. Што е со оние со слаба
самодоверба? Колку може да издржат?
Голем дел од нашето однесување и навиките може да се разберат преку
психолошките аспекти. Дали ќе ве изненади тоа што нашите инстинкти
може да се претстават прилично едноставно? Повеќето од нас може да ги
опишат основните инстинкти како одреден степен на комбинација од два
основни инстинкти.
Share
„Самодовербата треба да се заштити, поправи и обнови. За тоа се
потребни грижа за себе, самосочувство и нежност.“
Прво, инстинктот да се направи разлика, да се постигне нешто вредно
(многу луѓе сакаат да остават трага на светот, да остават нешто зад
себе). Ова го нарекуваме мотивација за достигнување. Второ,
истовремено сакаме да имаме значајна, длабока врска со другите (сакаме
да се грижат за нас, не сакаме да умреме сами). Ова го нарекуваме
мотивација на припадност. Некои луѓе имаат воспоставено рамнотежа
помеѓу овие два инстинкти, некои луѓе имаат поголемо познавање за една
област отколку за друга.
Ако имате силна мотивација за достигнување, најверојатно сте тип на
човек којшто е вреден и одговорен. Тоа се одлични особини, но може да
ви го попречат патот кога е во прашање грижата
за самите себе. Ако имате лични потреби, но имате краен рок или
обврски, луѓето со мотивација за високи достигнувања ќе ги стават
своите потреби
настрана и ќе се посветат на достигнување на целта.
Од друга страна, ако имате силна мотивација за припадност,
најверојатно сте тип на човек којшто е љубезен, доверлив и дава
поддршка. Тоа се одлични особини, но може да ви го попречат патот кога
е во прашање грижата
за самите себе. Ако имате лични потреби, а на некој кој ви значи
му треба поддршка, луѓето со силна мотивација за припадност ќе ги
стават своите потреби настрана и ќе се погрижат за потребите
на другите.
Share
„Од голем број причини, на луѓето им е лесно да ги стават личните
потреби на второ место.“
Мислам дека гледате која ми е целта. Од голем број причини, на луѓето
им е лесно да ги стават личните потреби на второ место. Сега, да го
повториме моето прашање: Која е разликата помеѓу грижата
за себе и себичноста?
Ако имате ниска
самодоверба, ако сте развиле шема на ставање на вашите потреби
после работите што треба да ги достигнете или потребите на другите,
фокусирањето на вашите потреби ќе ви одземе време и енергија токму
поради овие надворешни фактори.
На крајот на краиштата, имаме ограничено време, енергија, пари итн.
На почетокот често се случува луѓето да се чувствуваат непријатно
поради пренасочувањето на енергијата, времето и парите во лични
потреби. Можеби ќе достигнете помалку цели или нема да бидете толку
внимателни кон потребите на другите. Тука настанува забуната помеѓу
грижата за себе и себичноста.
Психолошкото
здравје бара од нас да ги задоволиме сопствените потреби. Грижата
за себе е критична. Всушност, таа е неопходна и на тоа имаме
право. Навистина ми се допаѓа изреката „Дај го најдоброто од себе“.
Дозволете ми да објаснам.
Share
„Психолошкото здравје бара од нас да ги задоволиме сопствените
потреби. Грижата за себе е критична. Всушност, таа е неопходна и на
тоа имаме право.“
Сетете се дека најдобрата верзија од вас е кога сè ќе си дојде на
свое место и кога размислувате, се чувствувате и се однесувате како
човекот кој најмногу сакате да бидете. Вашата најдобра
верзија ќе ве доведе во ситуација во која веројатно ќе ја завршите
својата работа најдобро или најмногу ќе сочувствувате и ќе се грижите.
Со други зборови, и мотивацијата за достигнување и мотивацијата за
припадност се поврзани со грижата
за себе.
Вистина е дека може да стигнете далеку игнорирајќи ги вашите
потреби, но вообичаено работите не
функционираат добро на долг рок. На пример, дали некогаш сте се
запрашале зошто е толку висока стапката на самоубиства кај лекарите?
Па, иако е медицината многу благородна професија која генерално
добро се плаќа и се третира со високо ниво на почит во општеството,
сепак лекарите се негуватели и се грижат за другите.
Но ако погледнеме од друга страна, да се биде лекар може да е многу
стресно.
Тоа вклучува постојани барања за давање здравствени услуги и редовно
справување со медицински трагедии. Замислете да сте хирург, и покрај
тоа што сте дале сè од себе вашиот пациент на операционата маса
почине. Сега замислете дека не по ваша вина ова се случува постојано
низ годините.
Share
„Вистина е дека може да стигнете далеку игнорирајќи ги вашите
потреби, но вообичаено работите не функционираат добро на долг рок.“
Грижата
за себе е потребна за да се спречат презаситеност и исцрпеност,
депресија
и зависност,
што придонесуваат за високата стапка на самоубиство кај лекарите.
Еве и друга приказна. Дали некогаш сте слушнале за успешна деловна
личност која добро заработува, работи
24/7 и се стекнува со сè поголемо богатство? Но сето тоа богатство
е по цена да нема време да им се посвети на личните потреби или
односи. Оваа приказна не завршува добро. Луѓето може да останат сами и
со нарушено здравје.
Често гледаме луѓе во оваа состојба кои умираат од инфаркт на млада
возраст. Грижата
за себе е потребна за да се спречи оддалечувањето од луѓето кои
ни се важни
во животот (сопруг/сопруга, деца, семејство и пријатели) и
нарушувањето на здравјето
(зголемување на телесната тежина, висок крвен притисок, дијабетес и
срцеви болести).
Share
„Грижата за себе е потребна за да се спречи оддалечувањето од луѓето
кои ни се важни во животот (сопруг/сопруга, деца, семејство и
пријатели) и нарушувањето на здравјето (зголемување на телесната
тежина, висок крвен притисок, дијабетес и срцеви болести).“
Се надевам дека ве убедив дека за да бидете најдобрата верзија од
себе треба да одговорите и да ги задоволите личните потреби. Дозволете
ми да ја завршам оваа објава со повторување на нешто што го кажав и претходно.
Самодоверба е почитта што ја имате за себе. Жал ми е ако ова звучи
едноставно. Но на некој начин тоа може да се каже и поедноставно.
A link with your BMI result has been sent to the email address.
An error has occured. The email wasn't sent.
Референци
Puhl RM, Heuer CA. The stigma of obesity: a review and update.
Obes Silver Spring. 2009 May;17(5):941–64.
Clarke DE.
Measures of Achievement and Affiliation Motivation. Rev Educ Res.
1973;43(1):41–51.
Hilbert A, Braehler E, Schmidt R, Löwe B,
Häuser W, Zenger M. Self-Compassion as a Resource in the Self-Stigma
Process of Overweight and Obese Individuals. Obes Facts.
2015;8(5):293–301.
Murakami JM, Latner JD. Weight acceptance
versus body dissatisfaction: Effects on stigma, perceived
self-esteem, and perceived psychopathology. Eat Behav. 2015
Dec;19:163–7.
Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина
Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови против
дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни начини за
третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за дебелината
може да ви помогне да подготвите план за справување со телесната тежина
што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе различни третмани
коишто функционираат на различни начини.
Дебелината е сложена болест, но нејзиниот третман не мора да биде.
Здравствените работници едуцирани за третман на дебелината поседуваат
знаење и алатки за да направат план за третман што вам ќе ви одговара.