Go to the page content

Создавање на современиот маж: Балансирање помеѓу машкоста, општествените норми и дебелината

Што значи да се биде маж во современиот свет? Спротивставените пораки и очекувањата на општеството од мажите не само што можат да го попречат чувството за идентитет туку можат да влијаат и врз нивното здравје. На ова додајте го општествениот притисок околу изгледот на телото и лесно може да се најдете заробени во маѓепсан круг на очај. Ијан Патон споделува неколку одговори за тоа како да ги балансирате машкоста и здравјето, како да побарате помош и како повторно да воспоставите врска со вашето вистинско јас.

Отсекогаш сум бил „крупно момче“. Во детството, кога одев во основно училиште живеев со дебелина и тоа ме следеше и во текот на средното училиште, на факултет и како возрасен.

Иако отсекогаш знаев дека сум поинаков, и бев принудуван да правам нешто во врска со тоа, бев и под големо влијание на спротивставените пораки за машкоста, машкото здравје и моето тело. Како маж, моето тело беше и мојата најголема предност и мојата најголема слабост.

Кога ќе погледнам наназад во животот, јасно е дека моите верувања за машкоста имаа голема улога во напредокот на мојата болест.

„Бев „крупно дете“ во основно училиште и тоа ме следеше и во текот на средното училиште, на факултет и како возрасен.“

-Ian Patton

Што значи да се биде маж во современиот свет

Затворете ги очите и вратете се со мене низ времето во раните 1990-ти години. Замислете дека сте 10-годишно момче кое сонува да стане Power Ranger (Моќен Ренџер) или Ninja Turtle (Нинџа желка). Играте Donkey Kong на Super Nintendo и носите блуза во неонска боја.

Што ќе научи тоа мало момче за своето место во светот? Кои се пораките што ги добива за тоа што значи да се биде момче кое прераснува во маж?

Тој расте во општество, заедница и дом што го учат да го цени тоа што е голем и силен, храбар и агресивен. Го учат да биде одговорен и доверлив, заштитнички настроен и услужлив. Тоа се машките особини што тој мора да ги разбере.

Чувство дека не припаѓам

Но што ако не се вклопуваш во тој калап? Што ако твоето тело не одговара на традиционалниот машки идеал? Што ако сите гледаат само големо тело? Поинаков човек кој живее со дебелина?

Јас бев тоа дете, а сега сум тој човек. И можам да кажам дека е прилично контрадикторно истовремено да добивате комплименти и да се срамите поради вашето тело.

Да ве поддржуваат да бидете голем и да ја користите големината во своја полза и покрај убедувањата на широката популација дека вие сте виновен и одговорен за вашата големина. Да ве нарекуваат со прекари кои означуваат сила и моќ како што се тенк и лос, a истовремено да ве понижуваат нарекувајќи ве со погрдни зборови како „дебел“, „свиња“, „мрсен“. 

„Кога ќе погледнам наназад во животот, јасно е дека моите верувања за машкоста имаа голема улога во напредокот на мојата болест.“

-Ian Patton

Контрадикторни идеали

Тенка е линијата помеѓу таа позитивна, способна и охрабрена личност во улога на машки идеал и страшното, засрамувачко, прекумерно големо тело. Измешаните пораки можат да бидат навистина збунувачки: „Треба да бидете поголем и посилен, но исто така треба да ја намалите телесната тежина и да бидете помал затоа што сега сте премногу голем“.

Она што ја прави оваа порака уште поштетна и поопасна е фактот дека нема јасен одговор за тоа што треба да направите за да ја вратите сликата за голем, силен маж. Сè што ќе чуете е: „Биди маж, потруди се повеќе, дигај тешки предмети, препоти се“ и слично.

Заштитата и сигурноста што ми ги даваше спортот

Растејќи со дебелината, бев среќен што имав можност да бидам вклучен во активности каде што мојата големина се сметаше за предност. Бев одличен во спортовите како што се хокеј, бејзбол, рагби, американски фудбал и борење во слободен стил, што ја поткрепија и ја засилија силната, моќна, агресивна порака за која зборувавме претходно.

Од многу аспекти овие тренинзи и можности беа мојот спас. Тие ме заштитија од искусување на истиот степен на дискриминација, стигма и злоупотреба што го опишуваа некои од моите врсници.

Да се биде добар спортист, охрабрен како „големо момче“ дава самодоверба, искористување на потенцијалот, позитивни социјални искуства и што е најважно, стекнување пријатели.

„Тенка е линијата помеѓу таа позитивна, способна и охрабрена личност во улога на машки идеал и страшното, засрамувачко, прекумерно големо тело. Измешаните пораки можат да бидат навистина збунувачки.“

-Ian Patton

Врсничко насилство

Да, имам искусено насилство врз основа на телесната тежина како и секое друго дете што живее со дебелина. Децата беа злобни, ме измачуваа и ме туркаа, кажуваа сурови шеги на моја сметка и не дозволуваа во ниту еден момент да заборавам дека во еден поглед сум поинаков од нив. 

Кога задевањето ќе се претвореше во насилство, ме учеа да се заштитам себеси и другите, ако треба и со употреба на сила. Насилниците брзо се повлекуваа и ретко повторно се обидуваа да ме повредат.

Меч со две острици

Кога ќе се навратам наназад, негативната страна на растењето во овој свет на стереотипна машкост имаше двојно влијание врз мене: покрај тоа што веројатно придонесе за напредување на мојата болест, дополнително ме обесхрабруваше да побарам помош.

Еве на кој начин: Од една страна одобруваа и ме охрабруваа да бидам поголем (до точка од која нема враќање назад), од друга страна, пак, ме учеа дека како маж треба сам да се справувам со предизвиците и проблемите. Барањето помош е слабост и е спротивно на она што сака општеството од вас.

„Кога ќе се навратам наназад, негативната страна на растењето во овој свет на стереотипна машкост имаше двојно влијание врз мене: покрај тоа што веројатно придонесе за напредување на мојата болест, дополнително ме обесхрабруваше да побарам помош.“

-Ian Patton

Мажите наспроти жените: Постои мала разлика

Несомнено е дека нам мажите ни е полесно кога станува збор за прифаќање и разбирање на нашето тело. Општествено поприфатливо е мажите да имаат вишок килограми во споредба со жените и ние поретко добиваме критики врзани со обликот, големината и изгледот на телото. Истовремено, идејата дека сте „болни“ и ви треба помош за справување со дебелината не е целосно прифатена од мажите.

Ова е надополнето со стравот од покажување знаци на слабост, па настанува ситуација во која ние, мажите, генерално не бараме ниту земаме терапија за дебелината кога е потребно. 

Ох, каква иронија

Како момче кое било спортист и покажувало интерес за наука и за телото, го продолжив образованието на факултетот за кинезиологија и се стекнав со универзитетска диплома (кинезиологија е научна дисциплина за движењето на телото, позната и како наука за вежбањето). Како што напредуваше мојата болест, продолжив да учам за здравјето, исхраната и вежбањето.

Докторирав со фокус на дебелината. Иронично е тоа што во моментот кога го достигнав највисокото ниво во моето образование и знаење, бев најзасегнат од болеста, имав приближно 160 kg. Имав хипертензија, тешка апнеја во текот на спиењето и се чувствував како дебелината да ми го одзема животот. 

Пресметајте го вашиот BMI (индекс на телесна маса)

cm
ft
in
kg
st
lb

Вашиот BMI:

__

Класификација на вашата телесна тежина:

__

@




A link with your BMI result has been sent to the email address.
An error has occured. The email wasn't sent.

Зарем јас, со сето мое знаење, не треба да можам да направам нешто за мојата дебелина? Моето тело му испраќаше порака на светот дека знаењето очигледно не е доволно. 

Како и повеќето луѓе, ја прифатив идејата дека исхраната и вежбањето се доволни за справување со телесната тежина. Бев упорен дека со волја и посветеност ќе можам да си помогнам да исчезне дебелината. Само ако се изгладнував и ако се потев доволно, ако можев да издржам да се чувствувам доволно непријатно и ако навистина многу сакав, ќе можев да се излечам.

„Идејата дека сте „болни“ и ви треба помош за справување со дебелината не е целосно прифатена од мажите.“

-Ian Patton

Борба со егото

Заглавен во размислувањето „можам сам“, одбивав да гледам на дебелината како на болест. Дозволив поради егото и „мачо“ погледот на светот да го одложам времето и соодветно да се справам со мојата состојба. Дозволив да станам сè поболен и поболен поради мојата тврдоглавост. И тоа за малку ќе ме чинеше живот.

Бев многу болен и секое утро се будев прашувајќи се дали е денеска денот кога дебелината навистина ќе ме убие. Почнав да се прашувам како моите деца ќе се справат без татко.

Не е толку ретко

Јас не сум сам во ова. Постојат многу мажи кои едноставно игнорираат или одбиваат да се грижат за своето здравје бидејќи барањето помош не е маженствена работа. Дебелина, ментално здравје, скрининг за хронични болести... Грижата за вашето здравје може да вклучува што било...

Човек може само да се надева, како и јас, дека навреме ќе сфати дека проголтувајќи ја гордоста и директно соочувајќи се со проблемот ќе може да преживее.

„Постојат многу мажи кои едноставно игнорираат или одбиваат да се грижат за своето здравје бидејќи барањето помош не е маженствена работа.“

-Ian Patton

Многу малку мажи можат да се видат во чекалнциите

Во 2014 година направив гастричен бајпас како дел од третманот за дебелина. Периодот пред операцијата беше напорен, со голем број закажани посети и состаноци. Мојата ориентациона сесија вклучуваше 50 луѓе од кои само 3 беа мажи.

Судејќи според луѓето што ги среќавав во чекалниците кога одев кај лекарот за баријатрична операција, тоа и не беше така невообичаено. Покрај тоа, јас сум член и на неколку групи за поддршка каде што не повеќе од 1 на 5 членови е машко.

Ако ја погледнете дебелината кај населението, не се забележува иста распределба меѓу половите. Ова ни кажува дека мажите не бараат третман и не бараат помош. И покрај сложеноста и хроничната природа на оваа болест, се плашам дека сè повеќе мажи реагираат како мене, оставајќи ја болеста да напредува неконтролирано под претпоставка дека барањето помош е знак на слабост. 

Во други области (на пример менталното здравје), се прават напори да се отфрли стигмата поврзана со барањето и примањето помош од страна на мажите. Истото треба да го направиме и кога се во прашање дебелината и различните третмани што се достапни. 

Мажите треба да препознаат дека е нормално да се побара помош.

Laughing businesswoman with papers talking to her colleague during meeting in cafe

„Ништо не е помаженствено и помоќно од тоа да бидеш доволно храбар да покажеш ранливост и да зборуваш отворено за сите аспекти на здравјето.“

-Ian Patton

Повторно воспоставување на врската со самиот себе и барање помош

Мажите ќе треба да се адаптираат. Мажот може да биде силен и паметен, но ИСТО ТАКА му требаат силата и знаењето на другите, особено кога е во прашање здравјето.

Потребни се повеќе мажи во толпата кои ќе зборуваат и постојано ќе бидат во потрага по подобро. Потребни се повеќе мажи кои ќе нè водат во позитивна насока и ќе претставуваат пример за тоа дека справувањето со дебелината не е нешто што треба да го правите сами.

Затоа што вистината е дека ништо не е помаженствено и помоќно од тоа да бидеш доволно храбар да покажеш ранливост и да зборуваш отворено за сите аспекти на здравјето.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Пресметајте го вашиот BMI
АЛАТКИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   САМОСТОЈНА ПРОЦЕНА | 5 min. read

Пресметајте го вашиот BMI

Индексот на телесна маса (BMI) го претставува односот на висината и тежината, според кој возрасната популација се категоризира во група на потхранети (со недоволна телесна тежина), со прекумерна телесна тежина или со дебелина.

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар
ТРЕТМАНИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар

Да почнете разговор за дебелината може да биде тешко, дури и со вашиот лекар.

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина
ТРЕТМАНИ   СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА | 2 min. read

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина

Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови против дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни начини за третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за дебелината може да ви помогне да подготвите план за справување со телесната тежина што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе различни третмани коишто функционираат на различни начини.