Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар
Да почнете разговор за дебелината може да биде тешко, дури и со вашиот лекар.
Можеби веќе сте го почнале патот кон справување со телесната тежина, но не сте постигнале некаков напредок. Или можеби сега почнувате, но не сте сигурни во која насока да се движите. И во двата случаја, вашиот следен чекор е да пронајдете сочувствителен здравствен работник едуциран за справување со телесната тежина. Заедно можете да ги препознаете причините и пречките за ефикасно да се справите со дебелината.
Важно е да разберете што треба да направите, па затоа запишувајте белешки или поведете со себе пријател или член од семејството. Ако не сте сигурни за нешто, не двоумете се да побарате дополнителни информации. Исто така можете да споделите идеи како да се подобри третманот или да поразговарате за какви било грижи што ве мачат.
Немојте да се изненадите ако ве прашаат за историјата на вашата тежина и што сте правеле претходно за да ја регулирате телесната тежина. Важно е да се земат предвид минатите и сегашните здравствени состојби, како и сите лекови што ги земате во моментот. Можете да разговарате и за вашите навики за јадење, спиење и за расположението и како се смениле со текот на времето.
Следниот чекор е да разговарате за опциите за третман значајни за вашата состојба, врз основа на личните потреби. Постојат низа различни научно докажани опции за третман што ви се достапни преку вашиот лекар. На пример, здрава исхрана и физичка активност, бихеjвиорална терапија, лекови против дебелина и баријатрична хирургија. Во планот за справување со тежината може да има различни третмани, во зависност од состојбата во која сте.
Кога станува збор за поставување на целите за справување со телесната тежина, добрата вест е дека дури и мало намалување на телесната тежина од пет или повеќе проценти може да има позитивно влијание на вашето здравје.
Но целите се повеќе од број на вагата. Добрите цели треба да нè мотивираат да направиме промени во начинот на живеење. Ефектот е најголем кога целите се реални, одржливи и кога може да ги следите. Вие и вашиот лекар заедно ќе се договорите како ќе го мерите успехот на одреден третман.
Подобрувањето на здравјето ќе ви биде еден вид цел. Но постојат многу други цели што можете да ги постигнете и заедно да разговарате со вашиот лекар. Тоа може да биде:
Не заборавајте дека вие сте експертот кога станува збор за вашиот живот. Вие најдобро знаете што треба да правите за да се чувствувате добро и што ве мотивира. Сите ние сме различни и лекарот ќе цени ако отворено разговарате за вашите дилеми.
Како и секое патување, така и слабеењето има свои подеми и падови. А за едно патување да биде успешно, треба да ги поминете тешките моменти и да не се откажувате. За среќа, вашиот лекар може да ви помогне да се подготвите за нив.
Периодот на стагнација е честа, но вознемирувачка фаза на патот кон справување со телесната тежина. Тоа е фаза кога после период на намалување, тежината почнува да стагнира . Оваа состојба може да ве обесхрабри, но тоа е сосема нормално и е дел од повеќето, ако не и сите успешни и одржливи обиди за намалување на телесната тежина.
Вашиот лекар е клучот за да се најде нов начин за надминување на тешките моменти, како што е стагнирањето во намалувањето на тежината. Во зависност од целите за справување со тежината, лекарот може да го зајакне третманот или едноставно да ја одржи намалената телесна тежина што сте ја постигнале.
Справувањето со телесната тежина е процес што трае во текот на целиот живот, а многумина се осамени и може да се чувствуваат безнадежно. Но не мора да биде така. Сè повеќе лекари ја разбираат науката за дебелината и го имаат неопходното знаење за ефикасно да ги третираат пациентите со дебелина.
Пронаоѓањето на вистинскиот лекар кому ќе му се обратите за совет и соработка може да биде првиот чекор на патот кон подобро здравје и квалитет на животот.