- Bray GA, Kim KK, Wilding JPH, World Obesity Federation. Obesity: a chronic relapsing progressive disease process. A position statement of the World Obesity Federation. Obes Rev Off J Int Assoc Study Obes. 2017;18(7):715–23.
- AMA resolutions. June 2012.
- Food and Drug Administration. Guidance for Industry Developing Products for Weight Management 2007;
- Canadian Obesity Network.
- EASO: 2015 Milan Declaration: A Call to Action on Obesity.;
- RCP(UK). RCP calls for obesity to be recognised as a disease. https://www.rcplondon.ac.uk/news/rcp-calls-obesity-be-recognised-disease.
- Mechanick JI, Hurley DL, Garvey WT. Adipposity-based chronic disease as a new diagnostic term: the American Association of Clinical Endocrinoligy and American College of Endocrinology Position Statement. Endocr Pract Off J Am Coll Endocrinol Am Assoc Clin Endocrinol. 2017 Mar;23(3):372–8.
- Waalen J. The genetics of human obesity. Translational Research 2014; 164(4):293–301.
- Kaprio J, Eriksson J, Lehtovirta M, Koskenvuo M, Tuomilehto J. Heritability of leptin levels and the shared genetic effects on body mass index and leptin in adult Finnish twins. IntJObesRelatMetabDisord2001Jan251132-7. 2001;25(1):132-7.
- Freedhoff Y; S AM. Best Weight: a Practical Guide to Office-Based Obesity Management. Canadian Obesity Network; 2010.
- Sharma AM, Bélanger A, Carson V, Krah J, Langlois M-F, Lawlor D, et al. Perceptions of barriers to effective obesity management in Canada: Results from the ACTION study. Clin Obes. 2019 Oct;9(5):e12329.
- Caterson ID, Alfadda AA, Auerbach P, et al. Gaps to bridge: misalignment between perception, reality and actions in obesity. Diabetes Obes Metab. 2019;1–11.
- Vallis M. Quality of life and psychological well-being in obesity management: improving the odds of success by managing distress. Int J Clin Pract. 2016 Mar;70(3):196–205.
Намалување на телесната тежина по изолацијата за време на пандемијата со COVID-19: Што ако одговорите не се онаму каде што сте ги барале?
Знаењето е моќ: Дознајте го коренот на проблемот
Дали знаете дека дебелината е хронична болест? Навистина е. Изгледа подолго време сме имале погрешно мислење за неа.
Во нашата култура долго време се тврди дека тежината може да се контролира со едноставно балансирање на внесот и потрошувачката на калориите. Па така, ако се здебелите поради внесување премногу калории, едноставно намалете ги и ќе ослабете.
Да не се преправаме дека контролата на телесната тежина е едноставна.
Изгледа работите не се толку едноставни. Зошто? Затоа што тежината не е начин на однесување. Како резултат на тоа, не може директно да ја контролирате!
Навистина е шокантно, нели? Еве еден пример. Ако побарам да изедете 3 порции овошје во текот на денот, ќе може да го направите тоа (под услов да ви е достапно).
Ако побарам да пешачите 30 минути во период од 8 до 21 часот, и тоа може да го направите. Но ако побарам да зголемите 0,3 kg во наредните 6 часа, или пак 5,5 kg, нема да можете да го изведете тоа.
Начинот на кој се однесуваме е едноставен. Тежината не е.
Имате голема контрола (секако, во зависност од околностите) врз тоа што јадете и колку сте физички активни. Но затоа што тежината не е начин на однесување, нашата способност да влијаеме на промената на телесната тежина како да е бројченик на термостат, е навистина мала.
И не само тоа, веројатно нашите гени играат голема улога. Проценето е дека 40% до 70% од веројатноста дали некој човек ќе се здебели зависи од генетиката. Исто така, постои врска меѓу опкружувањето и телесната тежина.
Прочитајте повеќе
Да не споменуваме дека развојот на нашето општество овозможува лесен пристап до висококалорична храна со ниска хранлива вредност, а можностите за физичка активност се ограничени.
Со други зборови, без разлика како гледате на работите, научните докази јасно укажуваат дека телесната тежина не е прашање на личен избор и недостиг на волја, туку резултат на сложени генетски, биолошки, социолошко-културни и психолошки фактори.
Секако не бројот килограми на вагата, туку влијанието на вишокот масни клетки врз здравјето, функционалноста и квалитетот на животот. Масните клетки не се пасивни. Не постојат без никаква функција.
Масните клетки лачат хормони и пептиди, кои во близина на срцето, црниот дроб, панкреасот итн. (интраабдоминално адипозно ткиво (масно ткиво во пределот на стомакот)), може да предизвикаат болести.
Да одиме чекор потаму. Клучно е да се разбере дека телото ја брани, да, токму така, ја брани најголемата телесна тежина! Нашето тело инстинктивно се справува како одговор во различни ситуации. Да погледнеме неколку примери.
Затоа што прегревањето го зголемува ризикот од оштетување на мозокот, ние автоматски почнуваме да се потиме за да ја намалиме телесната температура. Друг пример: И премрзнувањето не е добро; може да ни наштети, па поради тоа автоматски почнуваме да се тресеме кога е ладно за да ја зголемиме телесната температура. Дотука, сè е јасно.
На сличен начин функционира телото за да спречи намалување на телесната тежина. Во минатото, кога храната не била лесно достапна, луѓето често се соочувале со глад. Кога ќе изгубиме килограми, се активираат нашите вродени механизми. Наместо да се тресеме и да се потиме, нашиот мозок ќе го зголеми гладот, ќе го намали чувството на ситост и ќе го забави метаболизмот. Овие механизми за преживување и денес дејствуваат во заднина...
Оној познат момент кога биологијата ја презема главната улога
Постои предвидлива крива за намалување на телесната тежина која им е позната речиси на сите. На почетокот на процесот на слабеење, тежината видливо опаѓа. Потоа, некаде помеѓу третиот и шестиот месец, намалувањето на телесната тежина прекинува и се постигнува рамнотежна состојба (состојба во која телесната тежина стагнира). Тогаш биологијата ја презема главната улога. Би било навистина многу едноставно да го наречеме тоа неуспех.
Зошто ви го велам ова? Кога луѓето функционираат според моделот внес/потрошувачка на енергија, нивните цели и очекувања се темелат на тоа.
Некој што е убеден да размислува на овој начин може да си постави цел за намалување 0,5 kg секоја недела. 5 недели: 2,5 kg. 10 недели: 5 kg. 30 недели: 15 kg. Одлично! Можеме да почнеме! За жал, веројатноста ова навистина да се случи е навистина многу мала. Затоа што вашето тело има поинакви планови и едноставно не можете да ја залажете мајката природа.
Како ставот „јадете помалку, движете се повеќе“ всушност може да нè повреди
Постои голем проблем околу ставот „јадете помалку, движете се повеќе“ којшто е широко распространет. Кога луѓето поминуваат низ предвидливите фази во процесот на слабеење, и кога во почетокот сè оди добро а потоа следува неизбежното стагнирање на телесната тежина, тие се обвинуваат себеси.
Ова се тие непродуктивни обиди. Сите знаеме дека луѓето со дебелина многу пати се обиделе и вложиле големи напори да ослабат. Но со текот на времето, нивното искуство изгледа вака: Се обидов и не успеав; Се обидов и не успеав; Се обидов и не успеав. Ви звучи ли познато?
Стекната беспомошност
Како психолог, кога ја гледам оваа шема, навистина ме вознемирува. Зошто? Затоа што сите обиди и неуспеси резултираат со откажување! Ова се нарекува „стекната беспомошност“ и е многу опасна психолошка состојба. Чувството е слично како при депресија. Влијае на повеќе аспекти во животот на луѓето и ја нарушува самодовербата.
Прочитајте повеќе
Неодамна беа направени голем број студии за да се разбере како да се подобри грижата за луѓето што живеат со дебелина. Научивме дека овие луѓе всушност не ги гледаат здравствените работници како извор на поддршка, туку сметаат дека справувањето со тежината зависи од нив самите и дека треба повеќе да се фокусираат на диети и физичка активост. Здравствените работници сметаат дека може да им помогнат, но и дека диетата и физичката активност се единствениот начин.
Време е да се променат тврдењата за дебелината
Работам со луѓе што живеат со дебелина од крајот на 1970-тите години и често гледам колку се вознемируваат кога некој ќе им каже: „Треба само да јадете помалку и да вежбате повеќе“.
Како да очекуваат дека лицето што живее со дебелина на тоа ќе одговори: „Навистина? Па никој досега не ми го кажал тоа. Не знаев дека ќе ми помогне ако јадам помалку и вежбам повеќе“.
Постојаното повторување на оваа иста приказна ми вели дека работите се погрешни. Време е да се променат тврдењата за тоа што претставува дебелината, како се развива и како се третира.
Кога ќе ме праша некој да објаснам зошто расте стапката на дебелина, мојот одговор е: „Затоа што човечкиот мозок повеќе не е приспособен на средината во која живее“. Сè е во ред со луѓето и со нашиот мозок, но кога се зема предвид средината, може да се јави проблем.
Што ќе се случи ако ги промениме тврдењата за дебелината според кои тaа може да се реши ако јадете помалку и вежбате повеќе. Ова е важно затоа што токму поради тие тврдења може да не успеете да се справите со дебелината?
Покрај тоа, кога некој чувствува дека не успеал и поради тоа се откажал, престанува да се грижи за себе.
И која е алтернативата? Дозволете да ви претставам нешто.
Што ако е дебелината хронична медицинска состојба која зависи од генетиката, средината, биологијата (особено биологијата на мозокот), социјалните и психолошки фактори кои се дополнително нагласени во современото опкружување кое вклучува процесирана храна и преоптовареност во животот, со малку време за грижа за себе.
Што ако и покрај претходните обиди, всушност, никогаш не сте биле лекувани за оваа состојба. И досега никој не применил пристап за нега што е во согласност со сегашното знаење. Претходните обиди се фокусирале на јадење помалку и движење повеќе.
Ако може да го смените ова, се прашувам што ќе се случи?
Надеж
Еве ја мојата визија: Сметам дека оваа промена има потенцијал повторно да внесе реална надеж во справувањето со дебелината и зголемувањето на самодовербата.
Мене ме мачи мислата што луѓето што живеат со дебелина се обвинуваат себеси. Всушност, знаеме дека е така. Тоа се нарекува „внатрешни (лични) предрасуди поради телесната тежина“ и тие не се свесни дека здравствените работници се тука за да им помогнат.
Сепак, ако ја третираме дебелината како која било друга хронична болест, може да направиме разлика. Здравствените работници може да ги користат вештините што ги совладале за справување со други хронични состојби за да им помогнат на овие луѓе. Покрај сè, справувањето со дебелината се базира на пристапи за третман на дебелината кои ги подобруваат здравјето, функционалноста и квалитетот на животот кај луѓето повеќе отколку што може да ја намалат тежината.
Се прашувам дали имате желба да побарате помош за вашата состојба?