Go to the page content

Некој ми го спаси животот вечерва – Како се најдов на работ на смртта поради корона вирусот

Бев на работ на смртта на 17 март 2020 година, како резултат на корона вирусот. Не дека бев заразен со вирусот... всушност, не бев. Но мојот огромен страв да не се разболам од COVID-19 и неверојатната хистерија околку вирусот на почетокот на пандемијата ме спречија да одам во болница и ме наведоа да направам навистина лоши одлуки во врска со моето веќе загрозено здравје.

Се викам Марти Еноксон, застапник сум на пациенти и претставник на луѓе со дебелина кој се бори против предрасудите и стигмата поврзани со телесната тежина.

Накратко за мене:

  • Живеам во западна Канада.
  • Имам 53 години и живеам со дебелината во последните повеќе од 40 години.
  • Исто така, од својата 25 година живеам и со дијабетес тип 2.
  • Имам и висок крвен притисок.
  • Живеам со компликации од дијабетес тип 2 коишто вклучуваат лоша циркулација и невропатија во стапалата, поради што имам отворени рани на палците на нозете.

Како застапник на пациенти кој работи на глобално ниво во последните седум години, зборувајќи за сопствените искуства со дебелината, се претставив на светот како некој кој има добра контрола, одлично се грижи за себе и некој кој е совршен пример за тоа каков треба да биде еден застапник на пациенти...

Бев и продолжив да бидам инспирација за многу луѓе...

Досега.

Fat man listening to music on stairs, loneliness, overweight causes insecurities

„Стресот во приватниот живот и на работа, во комбинација со некои лоши здравствени навики и со појавата на COVID-19, создадоа услови кои за малку ќе го доведоа мојот живот до преран крај...“

-Marty Enokson

Стресот во приватниот живот и на работа, во комбинација со некои лоши здравствени навики и со појавата на COVID-19, создадоа услови кои за малку ќе го доведоа мојот живот до преран крај...

Можеби се прашувате како...

За да разберете како завршив во болница со друга сериозна животозагрозувачка инфекција, мора да се навратиме најмалку 6 месеци наназад, во август 2019 година, кога ми се случија низа случувања кои оставија длабок белег и влијание на мене, ментално и емоционално.

Мислев дека сум ментално силен.

Мислев дека мојата долгогодишна борба со дебелината и малтретирањето што го претрпев во последните 40 години ме подготвија за ваквите моменти... Но едноставно тоа не беше вистина.

Моќта на умот е многу поголема отколку што може да замислите. 

Во август 2019 година срцето ми беше навистина целосно скршено и како резултат на тоа почна моето повлекување кон темната страна на животот. Се потпрев на мојот стар и многу драг пријател којшто СЕКОГАШ ми даваше утеха уште од најрана возраст...

Diverse group of people, portrait of a Caucasian man standing in front of his colleagues in modern office.

„Моќта на умот е многу поголема отколку што може да замислите.“

-Marty Enokson

Чоколадите

Не можам да кажам дека чоколадото постојано ми беше добар и драг пријател, но со сигурност ми беше верен пријател, кој секогаш беше покрај мене во најтешките периоди од мојот живот... И се чини дека лошите моменти сега повторно се вратија во мојот живот.

Така почна. Едно чоколадо... Ооох - чувството на препуштање беше неверојатно добро. Навистина се чувствував многу добро. Болката исчезнуваше.

Дојде септември 2019 година, и тогаш почесто бев под стрес. Покрај тоа што ми беше скршено срцето, тогаш чувствував дека и физички духот ми опаѓа.

Мммм... Се чувствував неверојатно добро кога го јадев чоколадото. По некое време решив да изедам уште едно чоколадо... Ќе ми се свртеше во главата. Еуфорија. И пред да се освестам, двете чоколади дневно во вечерните часови се претворија во четири. Секоја вечер.

Моето повлекување кон темната страна на депресијата кога барав утеха во чоколадото не траеше долго... Всушност, сè се случи многу брзо.

Си ја ублажував болката преку храната за утеха. Престанав да си го проверувам нивото на шеќерот во крвта. Не сакав да знам ништо во врска со тоа.

Ми беа важни само чоколадите... Така болката ја снемуваше.

„Си ја ублажував болката преку храната за утеха. Престанав да си го проверувам нивото на шеќерот во крвта. Не сакав да знам ништо во врска со тоа.

Ми беа важни само чоколадите...“

-Marty Enokson

Помина септември и дојде октомври, и тогаш се случи она што најмногу ме погоди. 

Она малку што остана од мене, беше целосно уништено и поразено.

Може да фрлаат дрва и камења по мене за да ме повредат... но и зборовите со кои ми се обраќаат, исто така, може да ме повредат... Зборовите навистина болат... Како и постапките на другите. Всушност, постапките може да болат дури повеќе.

Во секоја фаза од животот, моето ментално здравје беше сè полошо и полошо. Сè помалку се грижев за себе, па затоа моето општо здравје беше загрозено. 

И понатаму не сакав некој да ги види моите слабости. Се преправав пред сите што ме следеа, низ целиот свет. Однадвор бев НЕВЕРОЈАТЕН!!! Но однатре се мразев и презирав, срамејќи се од самиот себеси. Ја изгубив контролата.

„И понатаму не сакав некој да ги види моите слабости. Се преправав пред сите што ме следеа, низ целиот свет. Однадвор бев НЕВЕРОЈАТЕН!!! Но однатре се мразев и презирав.“

-Marty Enokson

На сето ова додајте ги одговорноста и притисокот коишто се дел од работата како приправник во државното јавно обвинителство.

Бев физички исцрпен зашто се подготвував за шест судења за убиства во периодот од почетокот на февруари 2020 до 15 мај 2020. Секој ден. Без паузи меѓу сослушувањата. Некогаш се случуваше и две судења да се одвиваат истовремено. 75 дена судења. Бев многу оптоварен. 

Откако се вратив на работа по божиќните празници, работев секој ден до доцна навечер, дури и во сабота и недела, подготвувајќи се за судењата. 72 дена без престан. 96 прекувремени часа што НЕМА да ми бидат платени, само за да ја завршам работата...

Со сигурност не спиев доволно, само околу 4 часа во текот на ноќта.

Здравјето ми се влошуваше. Прилично ја запоставив грижата за моите дијабетични невропатски стапала. Едноставно немав време. Земав само половина од лековите за дијабетес.

Тогаш веќе јадев 6 до 10 чоколади секоја вечер. Чоколадите ми даваа краткотрајна утеха којашто ја повторував неколку пати. 

Престанав да ги одржувам здравите навики за исхрана... И како резултат на тоа, се здебелив. Се чувствував непријатно и бев засрамен.

Додека се подготвував за маратонските судски постапки, стресот преовладуваше. Секој нов ден бев под сè поголем стрес, а наутро кога ќе се разбудев чувствував поголем замор во телото од претходниот ден.

Луѓе, ова сум јас... Чувствувам дека слободно паѓам кон Земјата со брзина од 800 километри на час свртен со главата надолу и ќе удрам директно во тлото. Се подготвуваше бура на емоции... Можев да го почувствувам тоа во моето тело. Длабоко во себе знаев дека нешто не е во ред, дека не сум добро, дека не можам да го поправам нередот што го создадов.

Моето тело со недели се обидуваше да ми испрати знаци дека ситуацијата е лоша. Но јас не ги слушав. Дојде моментот кога моето тело само ми рече... „НЕ можеш веќе вака, Марти. Ако не сакаш да ги послушаш знаците што ти ги давам, ќе паднеш на спектакуларен начин.“

„Моето тело со недели се обидуваше да ми испрати знаци дека ситуацијата е лоша. Но јас не ги слушав.“

-Marty Enokson

Во бурата што ја создадов во мојот живот, единствено недостигаше некој вид болест… Светска пандемија...

Пандемија каква што немало во светот од појавата на шпанскиот грип во 1919 и 1920 година, пред 100 години.

Доаѓањето на корона вирусот во Канада

Подгответе се за доаѓањето на корона вирусот во Канада... познат и како COVID-19.


Започна во Кина, потоа допатува во Европа. Италија и Соединетите Американски Држави беа преплавени од овој смртоносен вирус, ситуацијата беше неверојатно страшна. 

Луѓето умираа со забрзано темпо. COVID-19 беше ново, страшно чудовиште за кое локалните и интернационалните медиуми неверојатно брзо објавуваа новини, заплашувајќи ги сите, вклучувајќи ме и мене.

Сите знаевме дека корона вирусот ќе дојде и во Едмунтон, само не знаевме кога точно...

А сега за љубителите на Golden Girls (Златните девојки), ова е мојот Софија Петруло момент.

Замислете... 12 март 2020 година. Едмунтон, Алберта, Канада.

COVID-19 пристигна во Едмунтон пред неколку дена. По пристигнувањето болеста почна да се шири оставајќи свој белег на 13 март 2020 година, петок. Петок 13-ти... беше последниот нормален ден во Едмунтон, Алберта, Канада. Да се навратам.

Се разбудив неверојатно рано, во 5 часот и 15 минути, мислејќи дека ова ќе биде уште еден ден поминат во подготовки за наредната судска постапка. Бев преморен, со само неколку часа сон.

Мојот ден почна како и сите други во изминатите неколку месеци, со чоколадо.

„Мојот ден почна како и сите други во изминатите неколку месеци, со чоколадо.“

-Marty Enokson

Пристигнав на работа во 6 часот и 45 минути, со благи болки во телото, но освен тоа сè друго беше нормално. Гледајќи од оваа перспектива, ништо не беше „нормално“ уште долго време потоа.

Работев целото утро, но како што наближуваше паузата за ручек почнав да чувствувам главоболка. Помислив дека имам главоболка зашто сум гладен, затоа отидов во кафетеријата и нарачав ручек. Јадев на бирото за да продолжам со работата. 

Седнав да јадам, но главоболката ми се влоши. ГЛАВАТА МИ ПУЛСИРАШЕ!!!

Чувствував гадење.

Главоболката стануваше сè посилна, чувствував дека главата ќе ми експлодира.

Пробував да се сетам на известувањата од минатите денови каде што ги наведуваа симптомите на корона вирусот... Дали имам COVID-19? Ми се зголеми пулсот, како и мојата грижа.

Во тој момент почнав да се потам, што потоа премина во треска што буквално ме тресеше до срж. Не можев да се стоплам, ниту пак да престанам да се тресам.

Се чувствував лошо, многу лошо. Дали ќе умрам? Премногу сум млад за да умрам. Што ќе се случи со моите деца?

Си отидов дома веднаш и се јавив во COVID-19 центарот за помош во Алберта. Бев убеден дека имам COVID-19. На почетокот од пандемијата се ширеше хистерија во градот и околината.

Неколку часа се обидував да добијам некој на линијата за помош во COVID-19 центарот, само за да ми кажат дека иако имам симптоми, немам патувано во изминатите 14 дена и не сум бил во контакт со некој што има патувано во изминатите 14 дена, а немам ни сува кашлица. Сепак, не се чувствував убедено.

Сè уште имав силна треска. Имав температура. Чувствував гадење. Но тоа не беше доволно за COVID-19 центарот и на 12 март 2020 година ме одбија за тестирање за COVID-19 .

Бев многу болен и во наредните неколку денови немаше подобрување на мојата состојба. Ќерка ми беше многу загрижена. Сè уште имав силна треска и се потев обилно. Не можев да јадам. Таа сакаше да се јави во брзата помош.

Јас не сакав да се јави во брзата помош зашто не сакав да одам на ургентното одделение, бидејќи бев сигурен дека таму ќе добијам COVID-19. На вести слушнав дека ургентните одделенија се преплавени. Се плашев да одам во просторија полна со луѓе со најразлични болести, како што е ургентното одделение, каде што можам да добијам COVID-19.

„Откако ми се влоши состојбата, ќерка ми презеде контрола врз ситуацијата и се јави во брзата помош. По неколку минути од повикот, пожарна, полиција и амбулатно возило за брза помош дојдоа во мојот дом.“

-Marty Enokson

Откако ми се влоши состојбата, ќерка ми презеде контрола врз ситуацијата и се јави во брзата помош. Таа е разумна, не јас. Признавам. По неколку минути од повикот, пожарна, полиција и амбулатно возило за брза помош дојдоа во мојот дом.

Се разочарав што не можев да уживам опкружен од пожарникарите во мојот дом. Тоа се пропуштени можности... (се насмевнува).

Имав силна треска, не можев да се стоплам. Чувствував дека ќе ми експлодира главата. Се чувствував ужасно. Бев преплашен дека одам на ургентното одделение. 

Кога пристигна брзата помош, ми направија процена и рекоа дека страдам од анксиозност. Тие рекоа дека треската и гадењето што ги чувствувам се резултат на анксиозноста. Ми рекоа да дишам длабоко и дека сè ќе биде во ред.

Тие ми рекоа дека можат да ме однесат на ургентното одделение, но дека ургентните одделенија се преплавени и дека постои можност таму да добијам COVID-19. Тоа ме преплаши. Затоа одбив да одам и им реков НЕ!

Длабоко во себе знаев дека сум болен и дека навистина нешто не беше во ред, но бев преплашен да не добијам COVID-19 и затоа донесов одлука да не одам во болница. Се покажа дека оваа одлука е катастрофална грешка.

„Бев преплашен да не добијам COVID-19 и затоа донесов одлука да не одам во болница. Се покажа дека оваа одлука е катастрофална грешка.“

-Marty Enokson

Да прифатев да ме однесат во болница, ќе дознаев што се случува со мене доволно рано и немаше да се мачам колку што се мачев.

Најлошото допрва доаѓаше... Во наредните неколку дена имав гадење и треска што ме тресеше до срж. Се наоѓав меѓу сонот и јавето. Халуцинирав. Не можев да се стоплам. Не можев да јадам и пополека дехидрирав. 

Продолжија страшните главоболки што никогаш не престануваа. Ништо не ми помагаше за болката.

Се разбудив на 17 март 2020 година, вторник, и почувствував позната, но непосакувана болка во стапалата и нозете. Жар црвени и топли на допир. Чувствував остра болка каква што немав почувствувано повеќе од две години.

Последен пат кога ги имав истиве симптоми беше поради животозагрозувачка инфекција на крвта која буквално за малку ќе ме убиеше. Станав и едвај отидов до тоалетот. Имав крв во урината. 

Ситуацијата премина од лоша во полоша. Претходните 5 дена кога не се чувствував добро беа само загревање за тоа што следуваше... Големото финале.

Не ѝ кажав веднаш на ќерка ми што се случуваше. Јасно е дека не донесував паметни одлуки. Знаев дека веднаш ќе се јави во брза помош и тие ќе ме однесат во болница.

„Продолжив да ја играм улогата на тврдоглав маж уште некое време. Понекогаш не можете да му помогнете на неразумен човек...“

-Marty Enokson

Понекогаш не можете да му помогнете на неразумен човек

Навраќајќи се, не ми се верува дека не ја препознав серизоноста на ситуацијата во која се наоѓав и не побарав медицинска помош која очајно ми требаше. Наместо тоа продолжив да ја играм улогата на тврдоглав маж уште некое време. Понекогаш не можете да му помогнете на неразумен човек... А јас бев НЕРАЗУМЕН.

Слегов во дневната соба. Чувствував огромна остра болка во нозете. Ќерка ми забележа дека нешто не е во ред. Ме притискаше, па конечно ѝ кажав за болката во нозете и стапалата. Ѝ ги покажав нозете и десното стапало, кои беа жар црвени и жешки на допир.

Повторно се јави во брзата помош, против мојата желба. Истите пожарникари, различни полицајци, и различен здравствен персонал. Уште една пропуштена шанса...

Овој пат работите беа многу, многу полоши. Здравствениот персонал не можеше да ми го стабилизира крвниот притисок, иако се обидоа неколку пати. Нивото на шеќерот во крвта ми беше околу 18, што е неверојатно високо. ПРЕВИСОКО! Во тој момент им кажав на здравствениот персонал дека имам крв во урината. Можеа да забележат дека сум дехидриран и дека мојата состојба е навистина лоша.

Ми препорачаа да одам на ургентно одделение... Но и покрај сè, сè уште не сакав да одам. Не сакав да добијам COVID-19. Очигледно бев многу болен, но не размислував разумно. Ме обзеде стравот од COVID-19.

Здравствениот персонал половина час се обидуваше да ме вразуми барем да отидам во болница каде што ќе ме прегледа лекар и ќе можам да направам проверка на крвта. Со упорност, грижа и вистинско разбирање на моите огромни стравови... здравствениот персонал од брзата помош успеа да ме убеди да одам барем во болница.

Мојата ќерка ми го спаси животот. Таа навистина го стори тоа.

„Завршив точно таму каде што требаше да отидам шест дена порано. И за малку ќе умрев.“

-Marty Enokson

Пристигнав и ме примија прилично брзо. Признав дека сум навистина многу болен. Ми зедоа крв и ми ставија инфузија за да ме рехидрираат. Не можеа да ми го регулираат крвниот притисок и во две ситуации во наредните неколку часа притисокот многу ми се намали. Гликемијата ми беше околу 18. Тоа беше многу лош период.

Резултатите од анализите на крвта беа готови. Имав инфекција и оштетување на бубрезите. Поради мојата состојба, ме префрлија во болницата Royal Alex.

Завршив точно таму каде што требаше да отидам шест дена порано. Глупав. За малку ќе умрев.

Бев во болница 4 дена и примав висока доза антибиотици преку вена. Пациентите се отпуштаа од болницата што е можно побрзо за да се ослободат кревети во случај на криза со COVID-19 . Ме пратија да закрепнувам дома. Требаше да патувам еден час до болницата секој ден во наредните 15 дена за да примам висока доза антибиотици преку вена. Истовремено ми ги третираа и раните бидејќи нозете и стапалата ми беа многу оштетени од инфекцијата. Кога завршив со интравенските антибиотици, ми дадоа уште 14 дена висока доза орални антибиотици... Периодот на закрепнување беше долг и тежок.

„Јас не сум совршен. Јас сум човек кој продолжува да живее со своите хронични болести, вклучувајќи ги дебелината, дијабетесот тип 2, високиот крвен притисок и огромен број други проблеми.“

-Marty Enokson

Мојата долга битка со дебелината и дијабетесот тип 2 ме истоштуваше одвреме-навреме.

Кога не одморате доволно, и не се храните правилно, и не се грижите за сопственото здравје, и не се ставате СЕБЕСИ на прво место...

Кога константно сте под голем стрес, не ги замате лекарствата редовно, кога се борите со депресија што ве тера да јадете под стрес неверојатно голема количина чоколади за да се справите, и не одите редовно на контрола кај вашиот лекар...

Кога сте неверојатно исплашени од COVID-19, кој беше светска пандемија; кога за жал си го запоставувате сопственото тело, вие всушност му дозволувате тоа да стане изнемоштено, скршено и подложно на инфекции.

Бев скршен, и не го слушав сопственото тело. Како резултат на тоа направив неверојатно лоши одлуки. Тоа што ми се случи беше бидејќи не се грижев за СЕБЕ.

Бев толку изнемоштен што инфекцијата виде можност да ми го нападне телото, да го преземе како вонземјанин и да ме убие.

„Грижа за самите себе. Тоа е неверојатно важно. Вие ЗАСЛУЖУВАТЕ да се грижите за себе.“

-Marty Enokson

Грижа за самите себе. Тоа е неверојатно важно. Вие ЗАСЛУЖУВАТЕ да се грижите за себе. Нема подобро време од сега да почнете да се грижите за себеси. Бидете сигурни дека добро се грижите за себе. 

Поминаа 62 дена откако престанав да ги пијам антибиотиците. Инфекцијата исчезна... И посакувам никогаш повторно да не ми се случи ова.

Закрепнав и од депресијата... ваква страшна здравствена состојба може да го направи тоа. Редовно одам на сите медицински прегледи. Ги направив сите испитувања што ги побараа моите лекари. Навистина е важно да го направите тоа.

Се прифатив себеси и продолжив да ги земам СИТЕ лекови што ми беа пропишани. Се хранам здраво, и немам јадено од стрес или пробано чоколадо 99 дена. БРАВО за мене! Исто така и ослабев... меѓутоа, не препорачувам слабеење на начинот на кој јас ослабев.

За оние што живеат со дијабетес, без разлика кој тип, редовно проверувајте го нивото на шеќерот во крвта. Задолжително детално проверувајте си ги нозете, стапалата и најважно од сè прстите. Вашата редовност ќе ве спаси од проблеми во иднина. Ве молам бидете внимателни.

Разговарав со мојот лекар во врска со мојата депресија и продолжувам да работам на грижата за себе. Повторно се движам секој ден и ја зголемувам мојата издржливост.

Сакам да живеам, навистина сакам. ЗАСЛУЖУВАМ. Јас навистина, навистина заслужувам... И вие, исто така. Навистина заслужувате.

„Сакам да живеам, навистина сакам. ЗАСЛУЖУВАМ. Јас навистина, навистина заслужувам... И вие, исто така. Навистина заслужувате.“

-Marty Enokson

Последните шест месеци беа совршена бура на лоши одлуки, страв и инфекција. Благодарен сум што преживеав за да го споделам моето искуство со вас.

Ќе завршам со мудрите зборови на Марти:

НЕ БИДЕТЕ Марти. Грижете се за своето здравје и вашата благосостојба. Тоа е поважно од сè. Бидете сигурни дека го контролирате вашиот стрес и дека се грижите за себе.

Најважно, НЕ дозволувајте некаква криза да ве спречи да одите на преглед кај вашиот лекар... или да одите во болница за итни медицински состојби. И чисто за ваша информација... додека бев во болница, бев тестиран за COVID-19.

Немав COVID-19.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар
ТРЕТМАНИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар

Да почнете разговор за дебелината може да биде тешко, дури и со вашиот лекар.

Соработувајте со вашиот лекар и направете план
СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Соработувајте со вашиот лекар и направете план

Дебелината е сложена болест, но нејзиниот третман не мора да биде. Здравствените работници едуцирани за третман на дебелината поседуваат знаење и алатки за да направат план за третман што вам ќе ви одговара.

Грижете се за себе: Осум начини за справување со стресот и телесната тежина
СОВЕТИ   ПСИХОЛОГИЈА   НАЧИН НА ЖИВОТ | 5 min. read

Грижете се за себе: Осум начини за справување со стресот и телесната тежина

Кога чувствуваме дека сме изгубиле контрола врз работите, природно е да сме под стрес. Во продолжение се наведени некои здрави начини за справување со стресот што може да ви помогнат при смирувањето и одново да си воспоставите контрола.