Go to the page content

Се движиме напред: Од социјално дистанцирање до свет без предрасуди врзани со телесната тежина

Во 2020 година сите имавме можност да се запознаеме со социјалното дистанцирање и да го искусиме. Со месеци тоа беше нашето секојдневие. Не беше забавно. Некои луѓе на крајот страдаа поради изолацијата. Но социјалното дистанцирање не е новост за сите. Луѓето што живеат со дебелина се навистина експерти за тоа. Како што се враќа повторно социјалниот живот, се прашувам дали може да направиме избор со кој светот ќе биде подобро место за сите?   

Јас сум од Канада, земја која е генерално безбедно место, а луѓето се љубезни. Всушност јас сум од Источна Канада, која е позната по тоа што луѓето се пријателски настроени дури и за канадски стандарди. Сепак, од месец март почнавме да не им веруваме на соседите и кога ќе наидевме на некој кој се движи околу полиците во наша близина во продавница чувствувавме дека сме во опасност.                    

Оние на кои социјалната изолација и генерално зголеменото чувство на опасност им е новост, со нетрпение очекуваа да се врати сè во нормала. Но ништо повеќе не е како порано! Сè уште не беше завршен првиот бран, ни кажаа дека нè очекува втор бран и дека може да очекуваме и други вируси слични на овој. Па, размислете како ќе изгледа новото нормално. Дали е можно новото нормално да е подобро од старото?

Michael Vallis giving a speech.

„Дали е можно новото нормално да е подобро од старото?“

-Dr. Michael Vallis

Луѓето што живеат со дебелина се навистина експерти за социјална изолација. Поради предрасудите и стигмата врзани со дебелината, оние што живеат со дебелина не се чувствуваат безбедно во присуство на други луѓе. Тие развиле начини како да избегнат места каде постои голема веројатност да се судрат со предрасуди.

Пазарење доцна навечер за да се намалат шансите да ги критикуваат за она што е во нивната корпа, купување облека преку интернет за да избегнат пробување во јавност, гледање филмови на Нетфликс за да го избегнат срамот ако не ги собере во стандардните седишта во кината. Дали треба да продолжам?

Ако насетиме опасност природно ни се јавува чувство на анксиозност. Вака е мозокот програмиран за преживување. Опасноста мора да се реши пред да предизвика штета. Луѓето се социјални суштества, па нашиот одговор на опасноста од социјален карактер (понижување, критика) е ист како нашиот одговор на опасноста од физички карактер.

„Луѓето се социјални суштества, па нашиот одговор на опасноста од социјален карактер (понижување, критика) е ист како нашиот одговор на опасноста од физички карактер. Во оваа смисла, живеењето во свет со предрасуди врзани со телесната тежина е исто како живеењето со ризикот од COVID-19.“

-Dr. Michael Vallis

Во оваа смисла, живеењето во свет со предрасуди врзани со телесната тежина е исто како живеењето со ризикот од COVID-19. Можеби може да направиме паралела меѓу социјалната изолација за време на пандемијата со COVID-19 и социјалната изолација поради стравот од предрасуди.

Една несреќна последица на нашиот инстинкт за општествено преживување е тоа што им даваме предност на оние кои се слични на нас. Па, ако нешто тргне наопаку, лесно е вината да се препише на која било разлика меѓу луѓето.

Можевме да забележиме дека во некои случаи луѓето од азиско потекло беа изложени на предрасуди поради пандемијата со COVID-19. Дали знаевте дека шпанскиот грип не започнал во Шпанија? Тој се нарекува шпански грип, затоа што Шпанија била првата земја која признала дека тој постои. Лесно е да се создадат предрасуди.

 

„Една несреќна последица на нашиот инстинкт за општествено преживување е тоа што им даваме предност на оние кои се слични на нас.“

-Dr. Michael Vallis

Предрасудите потекнуваат од инстинктивните аспекти на човековото функционирање. Но човекот со текот на времето еволуирал, и покрај инстинктите развил и интелектуални и морални функции.

Всушност, мозокот е развоен орган. Со ова сакам да кажам дека со развојот на новите мозочни структури во текот на еволуцијата, старите мозочни структури не престанале да функционираат. Новите функции се развиле во склоп на старите системи.

Кога е во прашање психологијата, ова е важно прашање. Тоа значи дека навистина имаме два психолошки системи. Примитивните инстинктивни функции на мозокот се наоѓаат во средниот мозок. Тоа е примарниот, импулсивен и емотивен систем („сакам; сакам сè; сакам сега“). Додека пак, во префронталниот кортекс (површината на мозокот веднаш зад челото) се наоѓа извршниот систем. Тој е логичен, интелектуален систем кој е способен за решавање проблеми, размислување и одложување на задоволството.

„Предрасудите потекнуваат од инстинктивните аспекти на човековото функционирање. Ние имаме два психолошки системи. Поголемиот дел од времето постои тензија меѓу овие два системи.“

-Dr. Michael Vallis

Поголемиот дел од времето постои тензија меѓу овие два системи. Како се чувствувате? Што треба да направите? Може да забележите дека често одговорот на овие прашања не е ист. Системот што се базира на емоциите сака брзо задоволување и размислува автоматски („ми одговара – добро е; не ми одговара – лошо е“). Логичкиот систем е насочен кон принципите и вредностите („не судете за книгата според нејзината корица; Сите ние сме еднакви како луѓе“).

Социјалната изолација беше привремена. Почнавме да излегуваме надвор. Како што се враќа повторно социјалниот живот, се прашувам дали може да избереме ова да биде поинаков свет? Можеме да ги решиме предрасудите. Предрасудите кон луѓето со азиско потекло се неоправдани. Животот на луѓето од црната раса е важен, а предрасудите кон луѓето што живеат со поголемо тело се подеднакво неоправдани. 

Како психолог, понекогаш ги охрабрувам луѓето да ги променат околностите кога го менуваат своето однесување. На пример, замислете дека сте пушач и сакате да ја смените работата. Ако ми дозволите, може да ви предложам да ја искористите промената на работното место за да престанете да пушите. Односно, да отидете на новото работно место како непушач. Кажете им на новите колеги дека не пушите и однесувајте се така.

„Како што се враќа повторно социјалниот живот, се прашувам дали може да избереме ова да биде поинаков свет? Можеме да ги решиме предрасудите.“

-Dr. Michael Vallis

Ова може да ви помогне зашто овозможува создавање нови навики и го менува начинот на кој луѓето ве доживуваат. Може да се направи споредба меѓу COVID-19 и новото работно место. Враќањето на социјалниот живот може да го гледаме како почеток на нов свет. Ова е важно во моментов. Ако сте од Азија не значи дека сте одговорни за COVID-19, луѓето од црната раса не треба да се третираат поинаку и ако имате поголемо тело тоа не е знак на слабост.

Изјава за одрекување од одговорност: Ставовите и мислењата изнесени во оваа објава се на авторот и не ја одразуваат официјалната политика или позиција на кои било други агенции, организации, вработени или компании.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина
ТРЕТМАНИ   СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА | 2 min. read

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина

Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови против дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни начини за третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за дебелината може да ви помогне да подготвите план за справување со телесната тежина што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе различни третмани коишто функционираат на различни начини.

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар
ТРЕТМАНИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар

Да почнете разговор за дебелината може да биде тешко, дури и со вашиот лекар.

Соработувајте со вашиот лекар и направете план
СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Соработувајте со вашиот лекар и направете план

Дебелината е сложена болест, но нејзиниот третман не мора да биде. Здравствените работници едуцирани за третман на дебелината поседуваат знаење и алатки за да направат план за третман што вам ќе ви одговара.