
Овде ќе најдете корисни материјали за справување со дебелината или прекумерната телесна тежина што се достапни за преземање.
Справувањето со дебелината е процес што трае во текот на целиот живот, но не треба сами да поминувате низ тоа.
Здравствените работници што се едуцирани за справување со телесната тежина може да ве поддржат на овој пат и да ви помогнат да развиете план за третман што е соодветен за вас.
Истовремено, кај дебелината, како и кај која било друга хронична болест, самостојното справување, исто така, игра важна улога.
Во овој дел, може да прочитате за научно докажани терапевтски опции. Пронајдете совети како да започнете разговор со вашиот лекар, поддршка и практични алатки што можете да ги користите.
Без разлика каде се наоѓате во моментот на вашиот пат кон справување со телесната тежина, ова е добро место за почеток.
Овде ќе најдете корисни материјали за справување со дебелината или прекумерната телесна тежина што се достапни за преземање.
Да почнете разговор за дебелината може да биде тешко, дури и со вашиот лекар.
Врската меѓу вишокот тежина и нејзиниот ефект врз нашето здравје може да биде пренагласена.
Индексот на телесна маса (BMI) го претставува односот на висината и тежината, според кој возрасната популација се категоризира во група на потхранети (со недоволна телесна тежина), со прекумерна телесна тежина или со дебелина.
Стујардесите со децении нè потсетуваат за важноста на маските за кислород во авион.
Многумина од нас се здебелија за време на пандемијата со COVID-19 едноставно затоа што беа стресни времиња и фрижидерите ни беа постојано во близина за време на изолацијата.
Знаењето е злато, а разговорот мевлем за душата.
„Чудотворна диета...“, „Намалете ги вишокот килограми додека јадете што и да посакате...“, „Гледајте како се топат вишокот килограми“. Каде и да одиме, нè бомбардираат со информации за едноставни начини за слабеење. Не сфаќајте ме погрешно, диетите даваат резултати, но краткотрајни. За жал, по држење диета, 8 од 10 луѓе ги враќаат изгубените килограми. Но постојат и помалку видливи последици од диетата, оние што се однесуваат на самодовербата.
COVID-19 го сврте вниманието на дебелината како здравствен проблем и создаде уште поголема потреба да размислиме како ја гледаме и како ја третираме оваа болест.
Во 2020 година сите имавме можност да се запознаеме со социјалното дистанцирање и да го искусиме.
Замислете свет каде што еден ден црвеното светло на семафорот значи забрана за движење, следниот ден црвеното значи дозволено движење, а зеленото забрана за движење! Во таков свет нема да постигнеме ништо.
Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови против дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни начини за третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за дебелината може да ви помогне да подготвите план за справување со телесната тежина што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе различни третмани коишто функционираат на различни начини.
Кога чувствуваме дека сме изгубиле контрола врз работите, природно е да сме под стрес. Во продолжение се наведени некои здрави начини за справување со стресот што може да ви помогнат при смирувањето и одново да си воспоставите контрола.
Во изминатиот период светот беше погоден од глобална пандемија на корона вирусот (COVID-19).
Дебелината е сложена болест, но нејзиниот третман не мора да биде. Здравствените работници едуцирани за третман на дебелината поседуваат знаење и алатки за да направат план за третман што вам ќе ви одговара.
Тешко ви е да заспиете навечер? Или се будите уморни? Видете дали некој од овие совети може да ви помогне да имате добар и квалитетен сон. Тоа може да ви помогне да го контролирате апетитот и да ја одржите телесната тежина.
Ние немаме целосна контрола врз телесната тежина. Но малите промени во начинот на кој се однесуваме кон нашата непосредна околина сепак може да имаат влијание. Составивме листа која опфаќа совети од планирање здрави оброци до одржување на физичката активност, која може да ви биде од помош.
Индексот на телесна маса (BMI) го претставува односот на висината и тежината, според кој возрасната популација се категоризира во група на потхранети (со недоволна телесна тежина), со прекумерна телесна тежина или со дебелина.