„Дебелина – Вистината од прва рака“ ги става во фокус животните приказни на Сара и Винфорд, коишто живеат со дебелина, хронична болест која засега повеќе од 650 милиони луѓе на глобално ниво. Нивните обиди да се справат со оваа болест и со товарoт на стигмата се прикажани преку серија портрети насликани од Аби Трејлер-Смит, фотографка од Обединетото Кралство.
„Слично на моето искуство, слушаме за луѓе што биле злоупотребени, доживеале траума или им се случило нешто, а храната им помогнала да го пребродат тоа. Она што ми се случи мене е смртта на баба ми кога имав девет години. Ја чекав да дојде да ме земе од училиште, но таа не дојде бидејќи имала сообраќајна несреќа и почина. И оттогаш, се обвинував себеси за нејзината смрт.
Мајка ми многу внимателно ми велеше дека не можам да носам одредена облека. Јас се обидував да се облекувам како моите другарки, но таа постојано ми велеше дека таа облека навистина не ми прилега бидејќи градбата на моето тело е поинаква од нивната. Начинот на којшто се облекував навистина истакнуваше дека сум поинаква, и тоа ме освести за изгледот на моето тело.
Јас сум многу посветена на мојата ќерка Емили. Не сакам да има проблеми и да мисли дека не е во ред како изгледа. При првите обиди да забременам, не размислував дали тежината ќе ми претставува проблем. Всушност, ни една жена и не знае дали може да забремени. На крајот, без тешкотии забременив. Се чувствував добро и веќе не се грижев за изгледот бидејќи во стомакот носев бебе. Тоа ме натера да го гледам моето тело на поинаков начин.“
„Мојата идеална телесна тежина е 80 kg. Но никогаш во животот не сум ја имал таа тежина и навистина не знам како ќе ја постигнам. Но напредувам и редовно се мерам за да го следам намалувањето на тежината.
Луѓето често ве тапкаат по стомакот и велат: „О гледам дека сè уште тренираш“. Тоа е непристојно. Од друга страна, да имам Паркинсонова болест, дали ќе сакаат да ми помогнат да престанам да се тресам.
Презаситен сум од луѓе што ми велат да јадам помалку и да вежбам повеќе. Јас се трудам најмногу што можам; три пати неделно одам во сала за вежбање, два пати неделно возам велосипед, пешачам секоја втора недела, не јадам „брза“ храна, напротив, сам си ги подготвувам сите оброци. Го давам најдоброто од себе.“
„Дебелина – Вистината од прва рака“ е проект што го поттикна и финансира Ново Нордиск во соработка со фотографката Аби Трејлер-Смит.