Приватност на вашите податоци
1 Информации кои ги прибираме
Прибираме информации што можат да ни помогнат да ја подобриме нашите веб-страници. За некои информации директно бараме ваша согласност, а други информации се прибираат автоматски. Сите информации што се прибираат автоматски се чуваат во збирна форма и не можат да се користат за да ве идентификуваат како одредена индивидуа. Повремено, од вас бараме информации што на моменти можат да бидат лични и приватни.
Како резултат на тоа, информациите што ги прибираме може да се
поделат во две главни категории:
a) Збирна статистика за посетители
b) Информации за лична идентификација
Ние не ги поврзуваме збирните статистички податоци за посетителите со личните информации.
Збирна статистика за посетители
Кога ја посетувате нашата веб-страница, ние собираме општи информации за вашиот компјутер и неговата локација, како и за веб-страницата од каде што доаѓате доколку е применливо. Овие информации не можат да се користат за да ве идентификуваат како индивидуа. Овие информации се користат само во збирна форма за да нè известат од каде потекнуваат нашите посетители, што гледаат и како постапуваат и каде трошат најмногу време.
Податоци што автоматски ги прибираме:
- Поддршка за колачиња од прва страна (без разлика дали ни дозволувате да поставиме колаче на вашиот компјутер)
- Идентификација на посетител (обезбедена од колаче што го поставуваме на вашиот компјутер кога е можно)
- Упатувач (т.е. од каде сте пренасочени, на пр. google.com)
- Датум и време на посета
- Регионални и јазични поставки (за да одредиме од која земја сте)
- Оперативен систем (Windows, OS X, Linux, iOS, Android итн.)
- Пребарувач и верзија на пребарувач (Chrome, Internet Explorer, Firefox, Opera, Safari итн.)
- Резолуција на екранот (1280x1024, 1024x768 итн.)
- JavaScript поддршка
- Јаva поддршка
- IP адреса (компјутерска адреса на интернет)
- Насловот на страницата што ја гледате
- URL на страницата што ја гледате
Информации за лична идентификација
Понекогаш, потребно ни е да прибереме повеќе лични информации за вас. Некои области/делови на нашата веб-страница може да бараат да се регистрирате за да се најавите; може да побараме информации за вашата возраст и занимање за подобро да ја разбереме целта на вашата посета и да го подобриме искуството на посетителот.
Во секој случај, секогаш кога ќе побараме од вас лични податоци што можат да ве идентификуваат како индивидуа, ќе побараме ваша согласност и секогаш ќе даваме објаснување зошто ги прибираме информациите, како ги прибираме, како ги чуваме и како планираме да ги третираме и користиме.
2 Како се користат информациите
Ние ќе прибираме и чуваме лични податоци преку кои ќе може да ве идентификуваме само за целта која е наведена во текот на процесот на прибирање на податоците. Откако ќе ги обработиме податоците за наведената цел, ќе ги избришеме и уништиме податоците за да ја заштитме вашата приватност.
3 Прибирање чувствителни податоци
На оваа страница ние не собираме или чуваме чувствителни лични податоци во врска со вашето здравје, етничко потекло, религиозни убедувања или политичко убедување итн. Во ретки случаи кога сакаме да собереме други чувствителни податоци, тоа ќе го сториме во строга согласност со локалниот закон за приватност на податоците.
4 Заштита на приватноста на децата
Заштитата на приватноста на децата е важна. Ново Нордиск нема намера да прибира информации за лична идентификација на деца (дете се дефинира како лице помладо од 18 години) без дозвола на родителот или законскиот старател. Деца НЕ треба да доставуваат информации за лична идентификација до Ново Нордиск без експлицитна дозвола од нивниот родител или законски старател.
Кога е соодветно, ќе ги инструираме децата да не доставуваат лични податоци. Ако вашето дете доставило лични податоци и вие би сакале да побарате да се отстранат ваквите информации, ве молиме контактирајте нè на нашата електронска пошта privacy@novonordisk.com.
5 Како да обезбедиме безбедност на податоците
Личните податоци се прибираат на оваа интернет страница само онолку колку што е потребно. Под никакви околности собраните податоци не се продаваат на трети лица поради која било причина.
6 Каде се обработуваат податоците?
Сите лични податоци што ги собираме може да се споделат во рамки на Ново Нордиск на светско ниво. Ние имаме интерни политики со цел да се обезбеди соодветно ниво на заштитa, без разлика каде во Ново Нордиск се лоцирани вашите лични податоци.
Ве молиме дознајте повеќе за нашите залагање за заштита на личните податоци овде.
7 Откривање на вашите лични податоци
Ние никогаш нема да пренесуваме ниту да продаваме информации за лична идентификација за нашите посетители на трети лица.
Генерално, ќе споделуваме информации само со даватели на услуги и советници со кои имаме договор. Меѓутоа, со цел да се усогласат со законските обврски, да се заштитат правата, имотот или безбедноста на Ново Нордиск, неговите вработени и други, или во случај да продадеме или ликвидираме кој било дел од деловната активност или имотот, може да се споделат лични податоци. Секое такво споделување ќе биде во согласност со законот за приватност на податоците.
8 Права на посетителите на интернет страницата
Во согласност со правилата за заштита на лични податоци, ви ги имате следниве права. За да ги остварите овие права, ве молиме контактирајте го Ново Нордиск на privacy@novonordisk.com.
- Може да побарате да добиете увид кои ваши лични податоци ги имаме;
- Можете да добиете копија од вашите лични податоци во структуриран, често употребуван формат соодветен за обработка на податоците од компјутер;
- Може да ги ажурирате или да ги корегирате вашите лични податоци;
- Може да побарате да се избришат или уништат вашите лични податоци;
- Може да побарате од нас да престанеме со обработка или да ја ограничите обработката на вашите лични податоци;
- Ако сте дале согласност да ги обработуваме вашите лични податоци, во кое било време можете да ја повлечете таа согласност. Повлекување на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката извршена пред да ја повлечете вашата согласност;
- Може да поднесете приговор за тоа како ги обработуваме вашите лични податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Базирано на важечкиот закон, може да има ограничувања на овие права во зависност од специфичните околности во процесот на обработка на податоците. Доколку имате дополнителни прашања или барања во врска со овие права, може да ни се обратите на: privacy@novonordisk.com.
9 Користење колачиња
Повеќе информации за користењето колачиња може да дознаете во нашата Политика за колачиња.
10 Законски обврски
Информативни цели
Содржината презентирана на веб-страницата на Ново Нордиск е претставена само за информативни цели. Веб-страницата не ви дава совети или препораки од каков било вид и не треба да се смета како основа за каква било одлука или акција. Ви препорачуваме да се консултирате со професионални советници во соодветната област во однос на применливоста на кој било посебен аспект на содржината. Особено поради фактот што ништо на оваа веб-страница не претставува покана или понуда за инвестирање или зделка во хартии од вредност на Ново Нордиск. Понатаму, страницата обезбедува избрани информации за болестите и нивното лекување. Таквите информации не се наменети за медицински совет. Таквите информации не се замена за советите на здравствен работник. Ако имате или се сомневате дека имате какви било здравствени проблеми, треба да се консултирате со вашиот матичен лекар или друг квалификуван давател на здравствени услуги.
Дадени информации „како што е“
Информациите на оваа страница се дадени „како што се“ и Ново Нордиск не тврди ниту гарантира, изречно или имплицитно, ниту пак дава имплицирани гаранции за трговска размена, соодветност за одредена цел или непочитување. Ново Нордиск не дава никакви застапувања или гаранции за комплетноста, точноста, навременоста, достапноста, функционалноста и усогласеноста со важечките закони. Со користење на оваа веб-страница, го прифаќате ризикот информациите да бидат нецелосни или неточни или да не ги исполнуваат вашите потреби или барања.
Одрекување од одговорност
Ниту Ново Нордиск ниту нашите даватели на содржини нема да бидат одговорни за каква било штета или повреда што произлегуваат од вашиот пристап до, или неможноста за пристап до оваа страница или заради потпирање на какви било информации дадени овде. Ново Нордиск се одрекува од секаква одговорност за директна, индиректна, случајна, последователна, казнена и специјална или друга штета, изгубени можности, изгубена добивка или каква било друга загуба или штета од каков било вид. Ова ограничување вклучува оштетувања или какви било вируси што може да влијаат на вашата компјутерска опрема.
Врски до други страници
Оваа веб-страница содржи врски до други страници кои не се во сопственост или под контрола на Ново Нордиск; Ве молиме, бидете свесни дека не сме одговорни за политиките за приватност на овие веб-страници ниту пак имаме контрола над нив. Оваа изјава за приватност се однесува само на информациите прибрани на оваа страница. Силно ве охрабруваме да ги прочитате изјавите за приватност на секоја веб-страница што ја посетувате, а којашто прибира информации што можат лично да ве идентификуваат.
Страници кои водат до нас
Ново Нордиск не ги одобрува веб-страниците што водат до страниците на Ново Нордиск. Ново Нордиск не е одговорен за содржината на овие страници ниту за контрола над информациите што корисниците може да одлучат да ги обезбедат на овие страници.
Измени
Ново Нордис го задржува своето право да ја измени, модификува, замени или избрише која било содржина или може да го ограничи пристапот или да ја прекине дистрибуцијата на оваа страница во кое било време и по сопствено дискреционо право.
Авторско право и употреба на содржина
Содржината на оваа веб-страница е сопственост на Ново Нордиск и е заштитена со закони за авторски права. Заштитените трговски марки, услужните марки, трговските имиња, логоата и производите прикажани на оваа страница се заштитени низ целиот свет и не смеат да се користат без претходна писмена согласност од Ново Нордиск. Добредојдени сте да ја преземете содржината на оваа веб-страница, сепак, само за ваша лична и некомерцијална употреба. Не е дозволена промена или понатамошна репродукција на содржината. Содржината не смее поинаку да се копира ниту да се користи на кој било друг начин.
Користење на прашања и коментари
Какви било прашања, коментари, предлози или какви било други комуникации, вклучително и идеи, пронајдоци, концепти, техники или know-how што може да ги проследите до оваа страница или на друг начин до Ново Нордиск, по електронски пат или на кој било друг начин, се на недоверлива основа и ќе станат сопственост на Ново Нордиск, којашто без ограничување може да ги користи на кој било начин и за какви било цели, вклучително и за развој, производство и/или маркетинг на стоки или услуги.
Закон кој го уредува ова прашање
Вашиот пристап и употреба на оваа веб-страница и содржината на истата ќе бидат регулирани и толкувани во согласност со законите на Република С. Македонија.
11 Кого да контактирате
Доколку имате прашања за оваа политика, колачињата или други известувања за приватност, ако сакате да добиете информација за вашите лични податоци кои се зачувани, или ако имате грижи за употребата на вашите лични податоци од страна на Ново Нордиск можете да нé контактирате на нашата електронска пошта: infomk@novonordisk.com или на телефонскиот број: +389 2 2400 202.