Политика за колачиња
1 Што се колачиња?
Колачињата („cookies“) се текстуални датотеки што преку серверот на некоја веб-страница се поставуваат на вашиот компјутер или мобилен уред при посета на таа веб-страница. Колачињата содржат единствен код што му овозможува на Ново Нордиск да го препознае вашиот интернет пребарувач за време на посетата на нашата веб-страница (наречени „привремени“ или „сесиски“ колачиња) или подоцна, при повторно отворање на веб-страницата (наречени „постојани“ или „трајни“ колачиња). Секое колаче е единствено само за вашиот интернет пребарувач. Колачињата може да се постават преку серверот на веб-страницата што ја посетувате или преку партнери што соработуваат со таа веб-страница, и тие колачиња се нарекуваат „колачиња од трети страни“.
Колачињата генерално се користат за полесна и побрза интеракција меѓу корисникот и веб-страницата и за обезбедување оптимизирана навигација. Исто така, колачињата може да се користат за да се обезбеди содржина што е релевантна за посетителот и да се приспособи на неговите вкус и потреби.
2. Користење колачиња на веб-страницата vistinatazadebelinata.mk
2.1 Сопственик на vistinatazadebelinata.mk е:
Ново Нордиск Фарма ДООЕЛ
ул. Никола Кљусев бр. 11
1000 Скопје, Р. С. Македонија
+389 2 2400 202
Ново Нордиск користи колачиња за да ја подобри функционалноста на веб-страницата преку запомнување на вашите преференции. На vistinatazadebelinata.mk, Ново Нордиск користи задолжителни колачиња, функционални/преференцијални колачиња, статистички колачиња и маркетинг колачиња.
2.2 Задолжителни колачиња
Овие колачиња се задолжителни за посета на интернет страницата и за користење на одредени делови од истата. Ако ги одбиете овие колачиња, некои функции на веб-страницата нема да функционираат правилно.
2.3 Функционални колачиња/преференцијални колачиња
Функционалните/преференцијалните колачиња овозможуваат подобра функционалност на веб-страницата и го подобруваат корисничкото искуство со пребарувањето кај посетителите. Тие обезбедуваат персонализирано искуство при пребарувањето. На пример: колачиња што ги памтат вашите преференции за јазик.
2.4 Аналитички/статистички колачиња
Ние користиме аналитички колачиња за да собереме податоци за користењето на нашата веб-страница, со намера да ја подобриме содржината, да ја приспособиме на желбите на посетителите и да ја подобриме услугата.
2.5 Маркетинг колачиња
Маркетинг колачињата се користат за да се понудат персонализирани и релевантни рекламни содржини што го интересираат корисникот, да се одреди колку пати одредена реклама се појавила, да се пресмета ефикасноста на рекламните кампањи, да се следат податоците за претходни посети на веб-страницата и да се споделуваат собраните податоци со други партнери за рекламирање како трети страни, на пр. огласувачи.
2.6
За користење статистички, функционални и маркетинг колачиња на vistinatazadebelinata.mk потребна е согласност од корисникот. Корисникот во секое време може да ја повлече согласноста за користење колачиња. Погледнете го делот 5 во оваа Политика за колачиња за повеќе информации за контрола и бришење на колачињата.
3 Колачиња на трети страни
3.1
Ново Нордиск може да користи колачиња на трети страни, што претставуваат колачиња што се поставуваат на интернет пребарувачот на корисникот од трета страна, што не е Ново Нордиск. Податоците што се собрани со користење колачиња на трети страни нема да бидат достапни за Ново Нордиск, туку ќе се собираат и ќе се користат од други партнери како трети страни, само за нивните потреби. Ново Нордиск може да инкорпорира на пр. слики и видеа од други интернет страници како што е YouTube. Како резултат на тоа, кога ја посетувате веб-страницата на Ново Нордиск каде има инкорпорирана содржина од други интернет страници може да се сретнете со колачиња од тие веб-страници. Ново Нордиск не го контролира ширењето на овие колачиња. Може да ја проверите веб-страницата на третата страна што ви е од интерес за повеќе информации во врска со нивниот начин на користење колачиња.
3.2
Нашите веб-страници користат инкорпорирани копчиња за споделување со цел да се овозможи лесно споделување информации со пријателите преку повеќе популарни социјални мрежи. Овие страници може да постават колаче и кога сте најавени преку социјалните мрежи. Ново Нордиск не го контролира ширењето на овие колачиња. Може да ја проверите веб-страницата од трета страна што ви е од интерес за повеќе информации во врска нивниот начин на користење колачиња.
4 Колачиња што се користат на нашите веб-страници
Ново Нордиск користи колачиња што се детално објаснети во банерот за колачиња (cookie банер) на vistinatazadebelinata.mk. Во банерот за колачиња може да најдете информации за името на колачето, кој го поставува колачето, опис на колачето и периодот на траење на колачето.
5 Контрола на колачињата
5.1
Вие мора да наведете дали дозволувате да се постават колачиња на вашиот уред или да одбиете користење одреден тип колачиња. Ако не прифатите користење одреден тип колачиња, некои карактеристики на веб-страницата можеби нема да функционираат правилно или можеби нема да функционираат одредени услуги на веб-страниците.
5.2
Ако сакате да го ограничите или да го блокирате користењето колачиња, мора да ги наведете вашите преференции преку банерот за колачиња што се прикажува на веб-страницата. Можете да го ограничите користењето колачиња преку поставките на вашиот интернет пребарувач. Функцијата зa помош („Help") во склоп на вашиот интернет пребарувач ќе ви објасни како да го направите тоа.
5.3
Алтернативно, можеби сакате да ја посетите www.aboutcookies.org, кадешто може да најдете сеопфатни информации како да го направите ова на голем број различни интернет пребарувачи. Исто така, ќе најдете детални информации како да ги избришете колачињата од вашиот компјутер како и други општи информации врзани со колачињата. За информации како да го направите ова на интернет пребарувачот на вашиот мобилен телефон погледнете во прирачникот за користење.
5.4
Ве молиме земете предвид дека ограничувањето на колачињата може да влијае на функционалноста на веб-страницата vistinatazadebelinata.mk.
6 Приватност на вашите податоци
6.1
Кога ја посетувате нашата веб-страница, ние собираме општи информации за вашиот компјутер и неговата локација, како и за веб-страницата од каде што доаѓате, доколку е применливо. Овие информации не можат да се користат за да ве идентификуваат како индивидуа. Овие информации се користат само во збирна форма за да нè известат од каде потекнуваат нашите посетители, што гледаат и како постапуваат и каде трошат најмногу време.
6.2
Секогаш кога ќе побараме од вас лични податоци што можат да ве идентификуваат како индивидуа, ќе побараме ваша согласност и секогаш ќе даваме објаснување зошто ги прибираме информациите, како ги прибираме, како ги чуваме и како планираме да ги третираме и користиме.
6.3
Ние ќе собираме и чуваме лични податоци преку кои ќе може да ве идентификуваме само за целта која е наведена во текот на процесот на собирање на податоците. Откако ќе ги обработиме податоците за наведената цел, ќе ги избришеме и уништиме податоците за да ја заштитиме вашата приватност.
6.4
Некои податоци се собрани со користење колачиња врз основа на нашиот легитимен интерес и со цел да се подобри нашата веб-страница и вашето корисничко искуство, за статистички цели за нашата веб-страница, за функционални цели при користење на нашата веб-страница и за да се овозможи оптимизирано користење на нашата страница за маркетинг цели.
6.5
За секој тип колачиња што се користат за собирање лични податоци, Ново Нордиск ќе ги обработи само личните податоци собрани од колачињата за специфичните цели за кои сте дале согласност во банерот за колачиња.
6.6
Сите ваши лични податоци ќе се користат доверливо и во согласност со целите што се наведени погоре.
6.7
Ново Нордиск може да ангажира надворешни провајдери, како трети страни и тие ќе имаат пристап и ќе ги обработуваат вашите лични податоци. Можеме да правиме пренос на личните податоци на други ентитети на Ново Нордиск.
6.8
Ако провајдер на трети страни ги обработува вашите лични податоци надвор од ЕУ/EEO, процесот ќе биде усогласен со одлуката на ЕУ Комисијата за спроведување на стандардни договорени клаузули и преносот на лични податоци на други ентитети на Ново Нордиск надвор од ЕУ/EEO ќе биде во согласност со Обврзувачките корпоративни правила на Ново Нордиск, што може да ги најдете овде.
6.9
6.1.8 Во согласност со правилата за заштита на лични податоци, вие ги имате следниве права. За да ги остварите овие права, ве молиме контактирајте го Ново Нордиск на privacy@novonordisk.com.
- Може да побарате да добиете увид кои ваши лични податоци ги имаме;
- Можете да добиете копија од вашите лични податоци во структуриран, често употребуван формат соодветен за обработка на податоците од компјутер;
- Може да ги ажурирате или да ги корегирате вашите лични податоци;
- Може да побарате да се
избришат или уништат вашите лични податоци;
- Може да
побарате од нас да престанеме со обработка или да ја ограничите
обработката на вашите лични податоци;
- Ако сте дале согласност да ги обработуваме вашите лични податоци, во кое било време можете да ја повлечете таа согласност. Повлекување на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката извршена пред да ја повлечете вашата согласност;
- Може да поднесете приговор за тоа како ги обработуваме вашите лични податоци до Агенцијата за заштита на лични податоци.
Базирано на важечкиот закон, може да има ограничувања на овие права во зависност од специфичните околности во процесот на обработка на податоците. Доколку имате дополнителни прашања или барања во врска со овие права, може да нé контактирате на начин којшто е опишан во делот 1