Go to the page content
3 min. read

Дебелината и COVID-19: Чувајте се и бидете силни

Во изминатиот период светот беше погоден од глобална пандемија на корона вирусот (COVID-19). Милиони луѓе требаше да седат дома, често без можност да се видат со семејството и пријателите.

Ново Нордиск се грижи за своите пациенти, вклучително и за луѓето што живеат со дебелина и со други сериозни хронични болести. Нашите мисли се со оние кои се директно засегнати, како и со оние кои се грижат за член од семејството којшто е засегнат. Ние во Ново Нордиск сме посветени да обезбедиме непрекинато снабдување со лекови, да ги поддржиме локалните и здравствените власти и организациите на пациенти, со цел да направиме сè што можеме за да ги подобриме снабдувањето со медицинска опрема, истражувачката експертиза и објектите и да обезбедиме информации со кои ќе ви помогнеме да ги решите грижите и проблемите врзани со достапноста на нашите лекови (посетете ја интернет страницата novonordisk.com).

Medicine being handed from a healthcare professional to a recipient.

COVID-19 e сериозна закана за јавното здравје, па затоа треба многу да се внимава за да се избегне. Причината е тоа што постарото население и луѓето со претходни медицински состојби, вклучително и дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања, белодробни нарушувања и дебелина со придружните состојби се изложени на зголемен ризик од компликации и можност за потежок развој на болеста.

Како што наведува Светската федерација за дебелина (WOF): „Состојбите врзани со дебелината може да го влошат ефектот на COVID-19“. Неколку професионални организации за дебелина напоменуваат дека е неопходно да се преземат мерки на претпазливост кај луѓето со BMI еднаков или над 40, а избегнување инфекција со корона вирусот е најважна кај луѓето што живеат со дебелина.

Заштите ги вашите сакани и останете дома ако сте болни од COVID-19. Во случај на симптоми на COVID-19, сите се советуваат да ги следат препораките од Светската здравствена организација (СЗО) и од локалните здравствени власти.

„Неопходно е да се преземат мерки на претпазливост кај луѓето со BMI еднаков или над 40.“

-European Association for the Study of Obesity, Public Health England, Obesity Society US

Свесни сме дека здравствените власти и аптеките во некои земји прават сè што можат за да овозможат лековите секогаш да бидат достапни за оние на што им требаат. Ние сме во постојан контакт со нашите соработници за да го следиме нивото на залихи и да преземеме соодветни мерки.

Smiling woman sitting in the sun with her daughter next to her.

„Заштите ги вашите сакани и останете дома ако сте болни од COVID-19.“

-World Health Organisation

Совети и линкови

И затоа што може да биде навистина тешко да останете дома и да се соочите со неизвесноста, ние поразговаравме со д-р Мајкл Вилис, здравствен психолог и вонреден професор по семејна медицина на Универзитетот Далхаузи во Канада за да ги дознаеме неговите сознанија за емоционалните реакции што ги имаа луѓето за време на пандемијата со корона вирусот, а што може да се направи во врска со тоа, погледнете во Справување во периодот на пандемијата со COVID-19.

Корисни линкови:

Референци
  • WHO: https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019
  • Diabetes Canada: https://www.diabetes.ca/resources/tools---resources/faq-about-covid-19-and-diabetes
  • ADA: https://www.diabetes.org/diabetes/treatment-care/planning-sick-days/coronavirus
  • IDF: https://www.idf.org/our-network/regions-members/europe/europe-news/196-informa-tion-on-corona-virus-disease-2019-covid-19-outbreak-and-guidance-for-people-with-diabe-tes.html
  • Diabetes UK: https://www.diabetes.org.uk/about_us/news/coronavirus
  • WOF: https://www.worldobesity.org/news/coronavirus-disease-covid-19-outbreak-for-peo-ple-living-with-obesity
  • CDC: https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/index.html
  • Obesity UK guidance: https://www.gov.uk/government/publications/covid-19-guidance-on-social-distancing-and-for-vulnerable-people/guidance-on-social-distancing-for-everyone-in-the-uk-and-protecting-older-people-and-vulnerable-adults
  • CDC: https://www.cdc.gov/flu/highrisk/index.htm
  • The Obesity Society: https://www.obesity.org/download/3327/

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Соработувајте со вашиот лекар и направете план
СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Соработувајте со вашиот лекар и направете план

Дебелината е сложена болест, но нејзиниот третман не мора да биде. Здравствените работници едуцирани за третман на дебелината поседуваат знаење и алатки за да направат план за третман што вам ќе ви одговара.

Грижете се за себе: Осум начини за справување со стресот и телесната тежина
СОВЕТИ   ПСИХОЛОГИЈА   НАЧИН НА ЖИВОТ | 5 min. read

Грижете се за себе: Осум начини за справување со стресот и телесната тежина

Кога чувствуваме дека сме изгубиле контрола врз работите, природно е да сме под стрес. Во продолжение се наведени некои здрави начини за справување со стресот што може да ви помогнат при смирувањето и одново да си воспоставите контрола.

Совладајте го гладот: Како да планирате, подготвувате и јадете здрава храна
СОВЕТИ   СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   НАЧИН НА ЖИВОТ | 6 min. read

Совладајте го гладот: Како да планирате, подготвувате и јадете здрава храна

Ние немаме целосна контрола врз телесната тежина. Но малите промени во начинот на кој се однесуваме кон нашата непосредна околина сепак може да имаат влијание. Составивме листа која опфаќа совети од планирање здрави оброци до одржување на физичката активност, која може да ви биде од помош.