Индексот на телесна маса (BMI) го претставува односот на висината и
тежината, според кој возрасната популација се категоризира во група на
потхранети (со недоволна телесна тежина), со прекумерна телесна тежина
или со дебелина.
BMI се пресметува ако ја поделите тежината изразена во килограми со
квадратот на телесната висина изразена во метри (вредностите за BMI се
изразуваат во единица kg/m2, и сите вредности за BMI во
оваа објава треба да се смета дека се изразени во оваа единица).
Постојат повеќе различни BMI категории, дознајте повеќе подолу.
Опсег на BMI кој се однесува на потхранетост (недоволна телесна тежина)
Резултат за BMI: Помалку од 18,5
Оние што влегуваат во оваа група се дефинирани како потхранети
(со недоволна телесна тежина).
Доколку влегувате во групата на потхранети, тоа може да биде знак
дека не јадете доволно или може да укажува на некаков медицински
проблем. Ако сте потхранети, обратете се кај вашиот лекар за
дополнителна процена.
Опсег на BMI кој се однесува на нормална телесна тежина
Резултат за BMI: Помеѓу 18,5 и 24,9
Здравствените работници препорачуваат да ја одржите вашата телесна
тежина во овој опсег.
Опсег на BMI кој се однесува на прекумерна телесна тежина
Резултат за BMI: Помеѓу 25 и 29,9
Луѓето што влегуваат во оваа група може да имаат зголемен ризик од
развој на дебелина.
Исто така може да постои ризик за развој и на други здравствени
проблеми или влошување на моменталните здравствени проблеми со текот
на времето. Врз основа на европските и американските клинички водичи
за справување со дебелината кај возрасни, ова се најчестите препораки
базирани на опсегот на BMI.
Резултат за BMI помеѓу 25 и 26,9 Луѓето што немаат здравствени проблеми врзани со телесната
тежина (на пр.: висок крвен притисок или висок холестерол) се
советуваат да се хранат здраво и да ја зголемат физичката активност за
да спречат понатамошно зголемување на телесната тежина.
Резултат за BMI помеѓу 27 и 29,9 Луѓето што влегуваат во овој опсег и имаат здравствени проблеми
врзани со телесната тежина најверојатно ќе се советуваат да ја намалaт
телесната тежина преку промена на начинот на живот земајќи го предвид
земањето лекови за третман на дебелината.
Посветеноста на здравствените интервенции може да доведе до
намалување на телесната тежина, подобрување на здравјето и подобар
квалитет на животот.
Класификација на дебелината
Постојат три класи дебелина врз основа на опсегот на BMI:
Класа на дебелина
BMI
Класа I
30,0–34,9
Класа II
35,0–39,9
Класа III
Над 40
Опсегот на BMI е базиран на ефектот на вишокот телесни масти врз
здравјето на луѓето, животниот век и ризикот од развој на здравствени
компликации врзани со телесната тежина.
Резултат за BMI: 30,0 или повисок
Луѓето што имаат BMI еднаков на или над 30 може да страдаат од дебелина.
Здравствените организации сега ја препознаваат дебелината како
хронична болест којашто може успешно да се третира со
мултидисциплинирен пристап во третманот.
Како што се зголемува вредноста на BMI во опсег кој подразбира
живеење со дебелината, така се зголемуваат и ризик-факторите за
одредени хронични болести.
Повисоки вредности за BMI (повисоки или еднакви на 30) имаат
статистички значајна поврзаност со некои медицински состојби. Овие
состојби вклучуваат, но не се ограничени на кардиоваскуларни болести,
дијабетес тип 2, остеоартритис и повеќе различни типови рак.
Вредноста на BMI не претставува дијагноза за дебелина, туку може да
се искористи за скрининг на здравствени ризици.
Луѓето со BMI еднаков или повисок од 30 се препорачува да се
консултираат со лекар обучен за справување со дебелината.
Постојат повеќе различни научно докажани терапевтски опции за
третман на дебелината. Терапевтските опции зависат од специфичните
потреби на луѓето, нивниот моментален здравствен статус и присуството
на здравствени компликации врзани со телесната тежина.
Третманот може да вклучува комбинација од следниве опции:
*Баријатрична хирургија се зема предвид кај возрасни со BMI од 40
или повисок или кај возрасни со BMI над 35 што имаат и коморбидитети
врзани со телесната тежина.
Изјава за одрекување од одговорност: Овие информации не се замена за
советите од здравствен работник. Ако имате какви било прашања поврзани
за вашето здравје, треба да го контактирате вашиот семеен лекар или
друг квалификуван здравствен работник.
Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина
Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови против
дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни начини за
третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за дебелината
може да ви помогне да подготвите план за справување со телесната тежина
што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе различни третмани
коишто функционираат на различни начини.
Дебелината е хронична болест којашто бара здравствено внимание.
Најголем дел од населението што живее со прекумерна телесна тежина или
дебелина (BMI повисок или еднаков на 25) се поврзува со зголемен ризик
од морталитет и зголемен ризик од коморбидитети.
Превентивните прегледи за дебелина може да ги земат предвид
граничните вредности за BMI. Дебелината може да биде индикатор за
потенцијални здравствени проблеми во иднина кои можеби ќе бараат
консултација за совет со лекар.
Генерално, колку е повисок BMI во опсегот кој подразбира живеење со
дебелина, повисок е и ризикот за развој на други хронични болести
врзани со дебелината кои вклучуваат:
Дијабетес тип 2
Кардиоваскуларни болести
Мозочен удар
Висок крвен притисок
Неплодност
Депресија и анксиозност
Коронарна
срцева болест
Дислипидемија
Неалкохолна болест на
замастен црн дроб (NAFLD)/Неалкохолен стеатохепатитис (NASH)
Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ)
Mетаболен
синдром (MetS)
Уринарна инконтиненција
Опструктивна апнеја во текот на ноќта и проблеми со
дишењето
Хронична бубрежна болест
Различни типови
рак: вклучително, но не и ограничено на рак на дојката, дебелото
црево, ендометријален, на хранопроводот, бубрезите, јајчниците и рак
на панкреасот
Остеоартритис на колено
Камења во
жолчката
Тромбоза
Гихт
Ако ве загрижува како се поврзува која било од овие болести со
вашиот BMI, консултирајте се со вашиот лекар за дополнителни
информации и процена.
Како се врзува BMI со различни етнички групи
Доказите покажуваат дека дистрибуцијата на телесните масти и составот
на телото се разликуваат кај различни етнички групи.
Луѓето што припаѓаат на одредена етничка група може да имаат повисок
или понизок здравствен ризик во споредба со оние од друга етничка
група со ист BMI.
Тоа значи дека некои групи имаат поголема предиспозиција за развој
на болести врзани со дебелината, како што се на пр. дијабетес тип 2
или срцеви заболувања. Па оттука, врз основа на вашата генетика , може
да имате поголеми здравствени ризици поврзани со вишокот телесна тежина.
Toa доведе до предлог за дефинирање специфични гранични вредност за
BMI врз основа на етничкото потекло.
На пример, пониски гранични вредности за BMI беа предложени за некои
азиски популации. Како на пример, беа намалени граничните
вредност за 3 единици кај населението од Индонезија, Сингапур и
кинеското население во Хонгконг.
Тоа e така затоа што азиската популација има склоност да има
повисоко количество телесни масти при понизок BMI. Како резултат на
тоа, постои зголемен ризик од поврзани здравствени компликации, во
споредба со останатата популација.
BMI кај специфични популациски групи
BMI може да биде погрешно толкуван. Истражувањата покажале дека BMI
може со помала прецизност да го предвиди ризикот од болести кај некои
групи луѓе:
Стари лица
Спортисти
Луѓе со висок
или низок раст
Типови на тело со поголема мускулна
маса
На пример, во некои популациски групи како што се професионални
спортисти и бодибилдери, зголемениот BMI не е директно поврзан со
нивниот здравствен статус. Тие имаат зголемена мускулна маса, па
оттука и зголемена телесна тежина, што исто така го зголемува нивниот BMI.
Табелата подолу покажува како варира просечното количество масти
помеѓу различни групи и категории:
Опис
Мажи
Жени
Есенцијални масти
2 - 5 %
10 - 13 %
Спортисти
6 - 13 %
14 -
20 %
Фитнес
14 - 17 %
21 -
24 %
Прифатливо количество масти
18 - 24 %
25 - 31 %
Дебелина
>25 %
>32
%
BMI и полот
Моментално, не постои посебен калкулатор за пресметување на BMI за
жените и за мажите. Сепак, иако полот не се зема предвид при пресметка
на BMI, физиолошките разлики меѓу половите може да значат разлика во
степенот на ризикот при одреден BMI.
Мажи:
Во однос на распределбата на тежината, забележано е дека мажите се
склони да складираат телесни масти во горниот дел од телото,
вклучително и на стомакот.
Централната дебелина и високата концентрација на висцеларни масти
кај мажите доведува до повисок ризик за срцеви заболувања и дијабетес
тип 2.
Жени:
Жените пак се склони да имаат повисок процент телесни масти во однос
на мажите, а мастите кај жените вообичаено се распределени на
колковите и на задникот.
Поради разликите во распределбата на мастите, жените може да имаат
понизок ризик од коморбидитети врзани со дебелината во споредба со
мажите при ист или сличен BMI.
BMI и возраста
Пресметките за BMI кај возрасните, не ја земаат предвид возраста.
Сепак, испитувањата покажуваат дека додека дебелината го зголемува
ризикот од морталитет на која било возраст, оваа зависност е многу
поголема кај луѓето на возраст под 50 години.
Забрзаното зголемување на телесната тежина кај децата се докажа дека
води кон понатамошно зголемување на телесната тежина во периодот на
адолесценција и како возрасни. Оттука зголемувањето на телесната
тежина кај децата е силен индикатор за дебелина како возрасни. Една
студија покажала дека 40% од децата што живеат со дебелина ќе
продолжат да живеат со дебелина и како возрасни.
Додека BMI поинаку се толкува кај децата и адолесцентите во споредба
со возрасните, има сè повеќе докази што укажуваат дека водичите за BMI
треба да бидат специфицирани според возраста и за возрасната популација.
Деца и адолесценти
Толкувањето на BMI кај децата и адолесцентите е специфицирано и
според возраста и според полот. Тоа е така затоа што девојчињата и
момчињата се развиваат со различно темпо, со варијации во телесните
масти за време на периодот на развој како што е пубертетот.
Дебелината кај децата се покажа дека може силно да предвиди повеќе
болести врзани со дебелината како што се дијабетес тип 2,
дислипидемија и апнеја во текот на ноќта. Децата што живеат со
дебелина имаат и поголема веројатност да страдаат од психолошка
вознемиреност. Тоа може да вклучува ниска самодоверба, анксиозно
нарушување и симптоми на депресија.
Доколку сте родител на дете чие здравје во однос на телесната тежина
ве загрижува, консултирајте се со вашиот лекар за да ви даде насоки за
справувањето со телесната тежина и можните терапевтски опции.
Постара популација
Составот на телото природно ни се менува со текот на годините.
Зголемено ниво на телесни масти статистички е поверојатно да се случи
кај возрасни, а истовремено вкупната мускулна маса се намалува со
текот на годините.
Мускулната маса и силата се сметаат дека се важни за одржување на
физичката активност.
Студиите покажаa дека кога се користи стандардниот начин за
пресметување на BMI, ако имате малку зголемена телесна тежина, тоа се
поврзува со намален ризик од морталитет во споредба со повозрасната
популација со телесна тежина во граници на нормална тежина.
Стандардното пресметување на BMI може и да го потцени или прецени
количеството на вишок масти кај постарата популација. Поради тоа,
определувањето на обемот на половината се смета како подобра опција
кога се определуваат телесните масти кај постарата популација.
Дијагностицирање дебелина
При поставување дијагноза на дебелина не треба да се зема предвид
само определување на BMI. Сепак, BMI може да помогне да се препознаат
луѓето кои би можеле да имаат подобрување на здравјето при справување
со дебелината.
Дијагностички испитувања често се прават во текот на иницијалната
процена за дебелина со цел да се откријат метаболни проблеми и да се
персонализира терапијата. Превентивните испитувања вообичаено
вклучуваат повеќе различни типови лабораториски испитувања:
HbA1C
Kреатинин, eGFR (стапка на
гломеруларна филтрација)
Вкупен холестерол, HDL и
LDL-холестерол, триглицериди
Аланин аминотрансфераза
(АЛТ)
Превентивен преглед за рак на соодветна возраст
Покрај овие тестови, здравствените работници треба да применуваат
сеопфатен дијагностички пристап за да ги разберат основните причини за
дебелината. Сеопфатниот пристап има за цел да ги открие потенцијалните
фактори кои придонесуваат за развој на дебелина кај луѓето, и оттука
обезбедуваат индивидуализација на третманот.
Консултирајте се со вашиот лекар ако сакате да дознаете повеќе за
сеопфатниот пристап за дијагноза на дебелината.
Обем на половината наспроти BMI
За подобро да го разбирете вашето здравје, може да направите и други
дијагностички испитувања и мерења покрај BMI (како на пр. мерење на
обемот на половината).
Обемот на половината е индиректна мерка за количеството абдоминални
масти (масти во пределот на стомакот), додека пак BMI го претставува
количеството на вкупните телесни масти. Оттука, обемот на половината
се смета за попрецизна мерка за здравствениот ризик врзан со
дебелината, како што се коморбидитет и морталитет.
Истражувачите препорачуваат обемот на половината да се користи
заедно со BMI за попрецизна процена на здравствениот ризик кај луѓето.
Без разлика на BMI, треба да се консултирате со вашиот лекар ако
имате грижи врзани за вашето здравје.
Програма за справување со телесната тежина може да биде корисна ако
обемот на вашата половина е или поминува:
Кај мажите: 94 cm или повеќе
Кај жените: 80 cm или повеќе
Поголем обем на половината се поврзува со повисок здравствен ризик.
Може да земете предвид програми за третман на дебелината ако обемот на
вашата половина е:
Кај мажите: 102 cm или повеќе
Кај жените: 88 cm или повеќе
Дали е можно да имате повисок BMI и да бидете здрави?
Вообичаено, луѓето што живеат со дебелина покажуваат повеќе различни
здравствени состојби кои заедно се познати како метаболен синдром.
Скрининг за метаболен синдром се препорачува кај најголем број од
луѓето со повисок BMI.
Тоа вклучува утврдување на присуството на метаболни ризик-фактори
поврзани со дебелината вклучувајќи ги следниве:
Обем на половината
Високо ниво на триглицериди
Ниско ниво на HDL-холестерол
Високо ниво на
LDL-холестерол
Висок крвен притисок
Висока
гликемија
Барем три метаболни ризик-фактори мора да бидат присутни за да може
да се постави дијагноза на метаболен синдром. Според тоа, метаболен
синдром се дефинира како група состојби и може да го зголеми ризикот
од срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и мозочен удар.
Метаболички здрава дебелина
Врската меѓу дебелината и компликации врзани со дебелината е силна,
но не е апсолутна.
Некои луѓе со дебелина не покажуваат метаболички синдром и
забележано е дека имаат ограничени здравствени ризици при повисоки
вредности за BMI. Оваа група луѓе се дефинира како метаболички здрави
луѓе што живеат со дебелина.
Овие луѓе имаат понизок ризик од развој на дијабетес и срцеви
болести во споредба со други луѓе со дебелина кои страдаат од
метаболен синдром.
Сепак, клиничките водичи посочуваат дека луѓето што се метаболички
здрави и живеат со дебелина не може да се сметаат за „медицински
здрави“. Тие имаат зголемен ризик за морталитет, како и други
неметаболички состојби како што се депресија, болка во грбот и апнеја
во текот на ноќта.
Покрај отсуството на метаболички ризик-фактори, една студија открива
дека луѓето што се сметаат за метаболички здрави и живеат со дебелина
имаат поголема веројатност да развијат метаболички абнормалности во
период од 10 години. Ова значи дека тие се сè уште изложени на ризик
од развој на нездрава метаболичка состојба.
Ако живеете со дебелина, но не покажувате симптоми на хронична
болест поврзани со дебелината, може да размислите да се консултирате
со вашиот лекар за да направи процена на метаболичките ризик-фактори.
Водење поздрав начин на живот може да помогне кај оваа ризична група
да се спречат медицински компликации и да се избегне понатамошно
зголемување на телесната тежина.
Историја на BMI
BMI првпат го споменува белгискиот математичар Ламберт Адолф Жак
Кетеле, во средината на 19 век.
И покрај тоа што не бил доктор, Кетеле го претставил концептот на
социјален просек. Тој ја забележал врската меѓу телесната тежина и
висината која на почетокот се нарекувала „Кетелетов индекс“.
Keys and al подоцна ја популаризирале мерката, опишувајќи ја како
Индекс нателесна маса и ја користеле за класификација
во популациски студии
BMI бил прифатен во современата медицинска пракса, особено кај
западните општества каде што стапката на дебелина е зголемена.
Ограничувања на BMI
BMI е едноставно и објективно мерење што лесно може да го спроведе
лекар или некој друг кој се грижи за своето здравје.
Сепак, покрај претходно објаснетите ограничувања, може да сметате
дека мерењето на BMI не се зема предвид при:
Наследни ризик-фактори поврзани со болести врзани со
дебелината како што е метаболниот синдром.
Фактори од
средината и од начинот на живот, освен дебелината, кои може да
придонесат за ризик од хронични болести.
Индивидуална
распределба на телесните масти.
Важно е да разберете дека дебелината не е дефиниран индикатор кој
укажува на нарушено здравје, исто како што нормалната телесна тежина
не значи дека сте здрави.
Вашиот BMI не ве дефинира вас, но познавањето и разбирањето на
вашиот BMI може да биде моќна алатка за преземање одговорност за
вашето сопствено здравје.
Консултирајте се со вашиот лекар за вашите телесна тежина и
здравствен статус и за процена на мерките што можеби ќе треба да ги преземете.
Заклучок
Постои важна врска меѓу количеството телесни масти кај луѓето и
влијанието врз нашето здравје. Студиите покажаа здравствени ризици
поврзани со двете екстрмни гранични вредности од интервалот за BMI.
Повеќе фактори независни од телесната тежина може да ве изложат на
ризик од развој на хронични болести (како што се етничка припадност и
генетика). Важно е да бидете свесни за овие фактори, и како тие може
да ви влијаат ако страдате од дебелина.
Ниво на BMI повисоко или еднакво на 30 е поврзано со зголемен
морталитет и ризик од здравствени компликации. Превентивни прегледи за
дебелина треба да се земат предвид кај луѓето со вакви нивоа на BMI.
Постојат „метаболички здрави“ луѓе кои одржуваат ограничени
здравствени проблеми на повисоки вредности на BMI. Сепак, дебелината
може да ги зголеми другите здравствени ризик-фактори кај овие луѓе, во
споредба со оние со понизок BMI.
Кај повеќето луѓе што живеат со дебелина се препорачува превентивен
преглед за метаболички синдром.
Ако го разберете вашиот BMI може да ви помогне да си го откриете
опсегот на здрава тежина и да го одберете најдобриот начин за
постигнување и одржување на тежината заедно со вашиот тим здравствени
работници. За најголем дел од популацијата, BMI над 25 ги зголемува
здравствените ризик-фактори.
Вашиот BMI може да користи како водич и прв чекор кон разбирањето на
вашите телесна тежина и висина. Здравствените работници препорачуваат
придржување кон здрава исхрана и начин на живот, без разлика на вашиот
BMI во моментот.
За BMI еднаков или повисок од 25, може да треба да се преземат и
други мерки покрај исхраната и физичката активност. Консултации со
вашиот лекар е најдобриот начин да го одредите најдобриот пристап што
вам ви одговара.
Побарајте медицинска помош ако имате грижи врзани со вашата телесна тежина.
Yumuk, V et al, “European Guidelines for Obesity
Management in Adults” Obes Facts. 2015 Dec; 8(6): 402–424.
Published online 2015 Dec 5. doi: 10.1159/000442721
Garvey,
W T et al, “American Association of Clinical Endocrinologists
and American College of Endocrinology comprehensive clinical
practice guidelines for medical care of patients with obesity.”
Endocrine Practice 2016;22:1–203.
DOI:https://doi.org/10.4158/EP161365.GL
Guh, D P et
al, “The incidence of co-morbidities related to obesity and
overweight: A systematic review and meta-analysis,” BMC Public
Health, vol. 9, no. 1, p. 88, 2009, doi:
10.1186/1471-2458-9-88.
Prospective Studies Collaboration,
“Body-mass index and cause-specific mortality in 900000 adults:
collaborative analyses of 57 prospective studies,” Lancet,
vol. 373, no. 9669, pp. 1083–1096, Mar. 2009, doi:
10.1016/S0140-6736(09)60318-4.
Hussain, A et al, “Type 2 Diabetes and obesity: A review”
Journal of Diabetology, June 2010; 2:1
Katzmarzyk,
P T et al, “Body mass index and risk of cardiovascular
disease, cancer and all-cause mortality” Can. J. Public
Health, vol. 103, no. 2, pp. 147–151, 2012, doi:
10.1007/BF03404221.
Kurth, T et al, “Prospective Study
of Body Mass Index and Risk of Stroke in Apparently Healthy Women,”
Circulation, vol. 111, no. 15, pp. 1992–1998, Apr. 2005, doi:
10.1161/01.CIR.0000161822.83163.B6.
Landi, F et al,
“Body Mass Index is Strongly Associated with Hypertension: Results
from the Longevity Check-Up 7+ Study” Nutrients. 2018 Dec;
10(12): 1976. Published online 2018 Dec 13. doi:
10.3390/nu10121976
Dağ, Z Ö et al, “Impact of obesity
on infertility in women,” J. Turkish Ger. Gynecol. Assoc.,
vol. 16, no. 2, pp. 111–117, Jun. 2015, doi:
10.5152/jtgga.2015.15232.
Moussa, O M et al, “Effect
of body mass index on depression in a UK cohort of 363037 obese
patients: A longitudinal analysis of transition,” Clin.
Obes., vol. 9, no. 3, p. e12305, Jun. 2019, doi:
https://doi.org/10.1111/cob.12305.
Zhao, G et al,
“Depression and anxiety among US adults: associations with body mass
index,” Int. J. Obes., vol. 33, no. 2, pp. 257–266, 2009,
doi: 10.1038/ijo.2008.268.
Lamon-Fava, S et al,
“Impact of Body Mass Index on Coronary Heart Disease Risk Factors in
Men and Women,” Arterioscler. Thromb. Vasc. Biol., vol. 16,
no. 12, pp. 1509–1515, Dec. 1996, doi:
10.1161/01.ATV.16.12.1509.
Van Hemelrijck, M et al,
“Longitudinal study of body mass index, dyslipidemia, hyperglycemia,
and hypertension in 60,000 men and women in Sweden and Austria”
Published: June 13,
2018https://doi.org/10.1371/journal.pone.0197830
Loomis, A K
et al, “Body Mass Index and Risk of Nonalcoholic Fatty
Liver Disease: Two Electronic Health Record Prospective Studies,”
J. Clin. Endocrinol. Metab., vol. 101, no. 3, pp. 945–952,
Mar. 2016, doi: 10.1210/jc.2015-3444.
Zafar, S et
al, “Correlation of gastroesophageal reflux disease symptoms
with body mass index,” Saudi J. Gastroenterol., vol. 14, no.
2, pp. 53–57, Apr. 2008, doi: 10.4103/1319-3767.39618.
Han,
T S et al, “A clinical perspective of obesity, metabolic
syndrome and cardiovascular disease,” JRSM Cardiovasc. Dis.,
vol. 5, pp. 2048004016633371–2048004016633371, Feb. 2016, doi:
10.1177/2048004016633371.
Subak, L L et al, “Obesity
and Urinary Incontinence: Epidemiology and Clinical Research Update”
J Urol. 2009 Dec; 182(6 Suppl): S2–S7 doi:
10.1016/j.juro.2009.08.071
Romero-Corral, A et al,
“Interactions Between Obesity and Obstructive Sleep Apnea -
Implications for Treatment” Chest. 2010 Mar; 137(3): 711–719.
doi: 10.1378/chest.09-0360
Herrington, W G et al,
“Body-mass index and risk of advanced chronic kidney disease:
Prospective analyses from a primary care cohort of 1.4 million
adults in England,” PLoS One, vol. 12, no. 3, p. e0173515,
Mar. 2017, [Online]. Available:
https://doi.org/10.1371/journal.pone.0173515.
Bhaskaran, K
et al, “Body-mass index and risk of 22 specific cancers: a
population-based cohort study of 5.24 million UK adults,”
Lancet, vol. 384, no. 9945, pp. 755–765, Aug. 2014, doi:
10.1016/S0140-6736(14)60892-8.
Zheng, H et al, “Body
mass index and risk of knee osteoarthritis: Systematic review and
meta-analysis of prospective studies,” BMJ Open, vol. 5, no.
12, 2015, doi: 10.1136/bmjopen-2014-007568.
Su, Y P et
al, “Strong association between metabolically-abnormal obesity
and gallstone disease in adults under 50 years” BMC
Gastroenterol 19, 117 (2019).
https://doi.org/10.1186/s12876-019-1032-y
Yang, G et
al, “The effects of obesity on venous thromboembolism: A review”
Open J Prev Med. 2012 Nov; 2(4): 499–509. doi:
10.4236/ojpm.2012.24069
Bai, L et al, “Incident gout
and weight change patterns: a retrospective cohort study of US
adults” Arthritis Res Ther. 2021; 23: 69. Published online
2021 Mar 2. doi: 10.1186/s13075-021-02461-7
Klatsky, A L
et al, “Body Mass Index and Mortality in a Very Large
Cohort: Is It Really Healthier to Be Overweight?,” Perm. J.,
vol. 21, pp. 16–142, 2017, doi: 10.7812/TPP/16-142.
Heymsfield, S B et al, “Why are there race/ethnic
differences in adult body mass index-adiposity relationships? A
quantitative critical review,” Obes. Rev., vol. 17, no. 3,
pp. 262–275, Mar. 2016, doi: 10.1111/obr.12358.
Cossrow, N et al, “Race/Ethnic Issues in Obesity and
Obesity-Related Comorbidities,” J. Clin. Endocrinol. Metab.,
vol. 89, no. 6, pp. 2590–2594, Jun. 2004, doi:
10.1210/jc.2004-0339.
Deurenberg-Yap, M et al, “The paradox of low body mass
index and high body fat percentage among Chinese, Malays and Indians
in Singapore.” Int J Obes Relat Metab Disord. 2000
Aug;24(8):1011-7. doi: 10.1038/sj.ijo.0801353. PMID: 10951540.
Valentino, G et al, “Body fat and its relationship with
clustering of cardiovascular risk factors” Nutr Hosp.
2015;31(5):2253-2260 ISSN 0212-1611 • CODEN NUHOEQ S.V.R. 318
Lear, S A et al, “Ethnic Variation in Fat and Lean Body
Mass and the Association with INS Resistance” The Journal of
Clinical Endocrinology & Metabolism, Volume 94, Issue 12,
1 December 2009, Pages 4696–4702, https://doi.org/10.1210/jc.2009-1030
Tillin, T et al, “The relationship between metabolic risk
factors and incident cardiovascular disease in Europeans, South
Asians, and African Caribbeans: SABRE (Southall and Brent Revisited)
-- a prospective population-based study,” J. Am. Coll.
Cardiol., vol. 61, no. 17, pp. 1777–1786, Apr. 2013, doi:
10.1016/j.jacc.2012.12.046.
Tanne, D et al, “Body Fat
Distribution and Long-Term Risk of Stroke Mortality” Stroke.
Originally published 31 Mar 2005
https://doi.org/10.1161/01.STR.0000162584.39366.1c
Chen, Y
et al, “Association between body mass index and
cardiovascular disease mortality in east Asians and south Asians:
pooled analysis of prospective data from the Asia Cohort
Consortium,” BMJ Br. Med. J., vol. 347, p. f5446, Oct. 2013,
doi: 10.1136/bmj.f5446.
Wen, C P et al, “Are Asians
at greater mortality risks for being overweight than Caucasians?
Redefining obesity for Asians” Public Health Nutrition,
12(4), 497-506. doi:10.1017/S1368980008002802
J. S. for the
S. of O. The Examination Committee of Criteria for `Obesity Disease’
in Japan, “New Criteria for `Obesity Disease’ in Japan,” Circ.
J., vol. 66, no. 11, pp. 987–992, 2002, doi:
10.1253/circj.66.987.
Zheng, W et al, “Association
between Body-Mass Index and Risk of Death in More Than 1 Million
Asians,” N. Engl. J. Med., vol. 364, no. 8, pp. 719–729, Feb.
2011, doi: 10.1056/NEJMoa1010679.
Aekplakorn, W et
al, “Obesity indices and cardiovascular risk factors in Thai
adults.” Int J Obes 30, 1782–1790 (2006).
https://doi.org/10.1038/sj.ijo.0803346
Choi, S E et
al, “Do Risk Factors Explain the Increased Prevalence of Type 2
Diabetes Among California Asian Adults?” J Immigr Minor
Health. 2011; 13(5): 803–808. Published online 2010 Oct 9. doi:
10.1007/s10903-010-9397-6
Swinburn, B et al, “Body
size and composition in Polynesians” Int J Obes 23, 1178–1183
(1999). https://doi.org/10.1038/sj.ijo.0801053
Young, D R
et al, “Associations of overweight/obesity and
socioeconomic status with hypertension prevalence across racial and
ethnic groups,” J. Clin. Hypertens., vol. 20, no. 3, pp.
532–540, Mar. 2018, doi: https://doi.org/10.1111/jch.13217.
Maskarinec, G et al, “Diabetes Prevalence and Body Mass
Index Differ by Ethnicity: The Multiethnic Cohort” Ethn Dis.
2009; 19(1): 49–55. PMCID: PMC2702477
Aleman-Mateo, H et
al, “Elderly Mexicans have less muscle and greater total and
truncel fat compared to African-Americans and Caucasians with the
same BMI” J Nutr Health Aging. 2009 Dec; 13(10): 919. doi:
10.1007/s12603-009-0252-1
Cossrow, N et al,
“Race/Ethnic Issues in Obesity and Obesity-Related Comorbidities”
The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism,
Volume 89, Issue 6, 1 June 2004, Pages 2590–2594,
https://doi.org/10.1210/jc.2004-0339
Berber, A et al,
“Anthropometric indexes in the prediction of type 2 diabetes
mellitus, hypertension and dyslipidaemia in a Mexican population,”
Int. J. Obes., vol. 25, no. 12, pp. 1794–1799, 2001, doi:
10.1038/sj.ijo.0801827.
Chirinos, D A et al, “Defining
Abdominal Obesity as a Risk Factor for Coronary Heart Disease in the
U.S.: Results From the Hispanic Community Health Study/Study of
Latinos (HCHS/SOL)” Diabetes Care Aug 2020, 43 (8) 1774-1780;
DOI: 10.2337/dc19-1855
Elo, I T et al, “The
Contribution of Weight Status to Black-White Differences in
Mortality” Biodemography Soc Biol. 2017; 63(3): 206–220. doi:
10.1080/19485565.2017.1300519
Alammar, M et al, “Diagnostic Accuracy of Body Mass Index
(BMI) When Diagnosing Obesity in a Saudi Adult Population in a
Primary Care Setting, Cross Sectional, Retrospective Study”
Diabetes Metab Syndr Obes. 2020; 13: 2515–2520. Published
online 2020 Jul 14. doi: 10.2147/DMSO.S263063
Bennet, L
et al, “BMI and waist circumference cut-offs for
corresponding levels of INS sensitivity in a Middle Eastern
immigrant versus a native Swedish population – the MEDIM population
based study” BMC Public Health. 2016; 16: 1242. Published
online 2016 Dec 9. doi: 10.1186/s12889-016-3892-1
Al-Raddadi, R et al, “The prevalence of obesity and
overweight, associated demographic and lifestyle factors, and health
status in the adult population of Jeddah, Saudi Arabia,” Ther.
Adv. Chronic Dis., vol. 10, p. 2040622319878997, Jan. 2019,
doi: 10.1177/2040622319878997.
Abell, J E et al,
“Differences in Cardiovascular Disease Mortality Associated With
Body Mass Between Black and White Persons,” Am. J. Public
Health, vol. 98, no. 1, pp. 63–66, Jan. 2008, doi:
10.2105/AJPH.2006.093781.
Batsis, J A et al,
“Diagnostic Accuracy of Body Mass Index to Identify Obesity in Older
Adults: NHANES 1999–2004” Int J Obes (Lond). 2016 May; 40(5):
761–767. Published online 2015 Dec 1. doi: 10.1038/ijo.2015.243
Sperrin, M et al, “Body mass index relates weight to
height differently in women and older adults: serial cross-sectional
surveys in England (1992-2011)” J. Public Health (Oxf)., vol.
38, no. 3, pp. 607–613, Sep. 2016, doi: 10.1093/pubmed/fdv067.
Weir CB, et al, “BMI Classification Percentile And Cut
Off Points.” In: StatPearls [Internet]. Treasure Island (FL):
StatPearls Publishing; 2021 Jan
Nuttall, F Q. “Body Mass Index: Obesity, BMI, and Health: A
Critical Review” Nutr Today. 2015 May; 50(3): 117–128.
Published online 2015 Apr 7. doi: 10.1097/NT.0000000000000092
Karastergiou, K et al, “Sex differences in human adipose
tissues – the biology of pear shape,” Biol. Sex Differ., vol.
3, no. 1, p. 13, 2012, doi: 10.1186/2042-6410-3-13.
Nauli,
A M et al, “Why Do Men Accumulate Abdominal Visceral Fat?”
Front. Physiol., vol. 10, p. 1486, Dec. 2019, doi:
10.3389/fphys.2019.01486.
Thorpe Jr., R J et al,
“Aging, Obesity, and Mortality: Misplaced Concern About Obese Older
People?” Res Aging. 2004 Jan 1; 26(1): 108–129. doi:
10.1177/0164027503258738
Yanovski, J A “Pediatric obesity. An
introduction” Appetite. 2015 Oct 1; 93: 3–12. Published
online 2015 Mar 30. doi: 10.1016/j.appet.2015.03.028
Chung, S “Growth and Puberty in Obese Children and Implications
of Body Composition” J Obes Metab Syndr. 2017 Dec; 26(4):
243–250. Published online 2017 Dec 30. doi:
10.7570/jomes.2017.26.4.243
St-Onge, M P et al, “Body
composition changes with aging: The cause or the result of
alterations in metabolic rate and macronutrient oxidation?”
Nutrition. 2010 Feb; 26(2): 152–155. Published online 2009
Dec 8. doi: 10.1016/j.nut.2009.07.004
Studenski, S A et
al, “The FNIH sarcopenia project: rationale, study description,
conference recommendations, and final estimates,” J. Gerontol. A.
Biol. Sci. Med. Sci., vol. 69, no. 5, pp. 547–558, May 2014,
doi: 10.1093/gerona/glu010.
McKee, A et al, “Obesity
in the Elderly” In: Endotext [Internet]. South Dartmouth (MA):
MDText.com, Inc.; 2000.
Van Der Valk, E S et al, “A
comprehensive diagnostic approach to detect underlying causes of
obesity in adults” Obesity Reviews First published: 01 March
2019 https://doi.org/10.1111/obr.12836
Hetherington-Rauth, M et al, “Comparison of direct
measures of adiposity with indirect measures for assessing
cardiometabolic risk factors in preadolescent girls” Nutr J.
2017; 16: 15. Published online 2017 Feb 23. doi:
10.1186/s12937-017-0236-7
Janssen, I et al, “Waist
circumference and not body mass index explains obesity-related
health risk” The American Journal of Clinical Nutrition,
Volume 79, Issue 3, March 2004, Pages 379–384,
https://doi.org/10.1093/ajcn/79.3.379
Robert Ross et
al, “Waist circumference as a vital sign in clinical practice: a
Consensus Statement from the IAS and ICCR Working Group on Visceral
Obesity” Nat Rev Endocrinol. 2020; 16(3): 177–189. Published
online 2020 Feb 4. doi: 10.1038/s41574-019-0310-7
Yanai, H et al, “The underlying mechanisms for
development of hypertension in the metabolic syndrome” Nutr
J. 2008; 7: 10. Published online 2008 Apr 17. doi:
10.1186/1475-2891-7-10
Arenillas, J F et al, “The Metabolic Syndrome and Stroke
- Potential Treatment Approaches” Stroke Originally published
31 May 2007 https://doi.org/10.1161/STROKEAHA.106.480004
Lin, H et al, “The prevalence, metabolic risk and effects
of lifestyle intervention for metabolically healthy obesity: a
systematic review and meta-analysis: A PRISMA-compliant article”
Medicine (Baltimore). 2017 Nov; 96(47): e8838. Published
online 2017 Nov 27. doi: 10.1097/MD.0000000000008838
Hinnouho, G M et al, “Metabolically healthy obesity and
risk of mortality: does the definition of metabolic health matter?,”
Diabetes Care, vol. 36, no. 8, pp. 2294–2300, Aug. 2013,
doi: 10.2337/dc12-1654.
Eknoyan, G. “Adolphe Quetelet
(1796–1874) — the average man and indices of obesity” Nephrology
Dialysis Transplantation, Volume 23, Issue 1, January 2008,
Pages 47–51, https://doi.org/10.1093/ndt/gfm517
Abou Ziki, M D et al, “Metabolic Syndrome: Genetic
Insights into Disease Pathogenesis” Curr Opin Lipidol. 2016
Apr; 27(2): 162–171. doi: 10.1097/MOL.0000000000000276
Kolb, H et al, “Environmental/lifestyle factors in the
pathogenesis and prevention of type 2 diabetes.” BMC Med 15,
131 (2017). https://doi.org/10.1186/s12916-017-0901-x
Jensen, M D “Role of Body Fat Distribution and the Metabolic
Complications of Obesity” J Clin Endocrinol Metab. 2008 Nov;
93(11 Suppl 1): S57–S63. doi: 10.1210/jc.2008-1585
Wildman,
R P et al, “The Obese Without Cardiometabolic Risk Factor
Clustering and the Normal Weight With Cardiometabolic Risk Factor
Clustering: Prevalence and Correlates of 2 Phenotypes Among the US
Population (NHANES 1999-2004),” Arch. Intern. Med., vol. 168,
no. 15, pp. 1617–1624, Aug. 2008, doi:
10.1001/archinte.168.15.1617.
Bhaskaran, K et al,
“Association of BMI with overall and cause-specific mortality: a
population-based cohort study of 3.6 million adults in the UK”
Lancet Diabetes Endocrinol. 2018 Dec; 6(12): 944–953. doi:
10.1016/S2213-8587(18)30288-2
Индексот на телесна маса (BMI) го претставува односот на висината и
тежината, според кој возрасната популација се категоризира во група на
потхранети (со недоволна телесна тежина), со прекумерна телесна тежина
или со дебелина.
Совладајте го гладот: Како да планирате, подготвувате и јадете здрава храна
Ние немаме целосна контрола врз телесната тежина. Но малите промени во
начинот на кој се однесуваме кон нашата непосредна околина сепак може да
имаат влијание. Составивме листа која опфаќа совети од планирање здрави
оброци до одржување на физичката активност, која може да ви биде од помош.