Go to the page content

Колку тежина треба да намалам за да забележам здравствени придобивки?

Врската меѓу вишокот тежина и нејзиниот ефект врз нашето здравје не може да биде пренагласена.

Научните испитувања и понатаму покажуваат дека повисокиот процент на телесни масти е поврзан со ризик-фактори за различни здравствени проблеми и понизок квалитет на животот.

Сепак, студиите покажуваат дека луѓето што живеат со дебелина, ако намалат дури и малку од нивната телесна тежина може да имаат суштинско подобрување на здравјето.

Медицински одобрените пристапи за намалување на телесната тежина, покрај намалувањето на тежината, може да овозможат и одржување на пониска телесна тежина како дел од поздрав начин на живот.

Ако вишокот телесна тежина влијае на вашето здравје, може да почнете да работите на поздрава верзија од самите себе уште денеска!

Намалување на телесната тежина за подобро здравје

Иако тежината што треба да се намали зависи од индивидуалната здравствена состојба на луѓето, медицинскиот став на здравствените работници е дека здравствените придобивки започнуваат да се забележуваат со намалување на тежината за 5% од почетната телесна тежина, а придобивките се зголемуваат со дополнително намалување на тежината. Намалувањето на почетната телесна тежина за ≥10 -15% се поврзува со дополнително подобрување на здравјето кај луѓето.

Оваа објава открива колку килограми треба да изгубите за да видите подобрување во одредени здравствени состојби поврзани со телесната тежина.

Ако сте загрижени за која било од споменатите состојби во оваа објава, разговарајте со вашиот лекар за медицинска процена и совет за терапевтска опција за третман на дебелината која ќе биде соодветна за вас.

Здравствени придобивки од намалувањето на телесната тежина за 5%

Дури и мало намалување на вкупната телесна тежина може да има позитивно влијание на вашето тело. Ако не можете да замислите што претставуваат 5% намалување на телесната тежина, ајде да го ставиме овој број во контекст. Ако тежите 100 kg, вие треба да изгубите 5 kg за 5% намалување на телесната тежина.

Ова се очекуваните придобивки од намалувањето на 5% од вашата телесна тежина:

Помал ризик од развој на дијабетес тип 2

Со намалување на 5% од вашата вкупна телесна тежина, можете да го намалите ризикот од развој на хронични болести како што е дијабетес тип 2. 

Преку програма за промена на начинот на живот одобрена од центрите за превенција и контрола на болести, луѓето кои намалиле 7% од телесната тежина го намалиле ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 58%.

Олеснување на симптомите на остеоартритис на колено

Истражувањата покажале дека кај луѓе што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина, намалувањето на индексот на телесна маса (BMI) за 2 единици (намалување на телесната тежина во просек за 5,1 kg) резултира со намалување на ризикот од развој на остеоартритис за 50%.

Исто и кај возрасни луѓе што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина, просечното намалување на телесната тежина за 5,7% резултира сo олеснување на болката во колената, подобрена подвижност и севкупно подобрување на функцијата на коленото.

Дополнително, кај учесниците што ослабеле повеќе, непријатноста врзана со симптомите на остеоартритис на колено продолжила да се намалува.

Подобрување на ризик-факторите за кардиоваскуларни болести

Прекумерната тежина и дебелината може да доведат до сериозни здравствени состојби и може да го зголемат ризикот од срцев удар, мозочен удар и васкуларни болести.

Фактори како што се крвниот притисок, холестеролот и нивото на гликемија може да предизвикаат срцеви болести. Поради тоа се препорачува намалување на телесната тежина за да се намалат кардиоваскуларните ризик-фактори.

Податоците покажуваат дека намалувањето на телесната тежина за 5 - 10% од почетната телесна тежина резултира со значително подобрување на HbA1c, триглицеридите, крвниот притисок и LDL-холестеролот.

Всушност, одржливото намалување на телесната тежина има исто влијание без разлика на почетната категорија на BMI (дебелина класа I, II или III).

Позитивниот резултат во подобрувањето на кардиоваскуларните ризик-фактори продолжува да расте со поголемо намалување на телесната тежина.

Поврзаноста на дебелината со хроничното воспаление

Дебелината се поврзува со активација на имуниот систем и со постоењето на хронично воспаление со низок степен. Ова може негативно да влијае на прогресијата на хроничните болести и на имунитетот поради инфекција.

Со систематски преглед на литературата дознавме дека намалувањето на телесната тежина кај луѓе што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина може да доведе до помалку проинфламаторни маркери наречени цитокини во крвта. Ова може да има важна улога во справувањето со хроничните болести.

Помалку ризик-фактори за рак

Истражувањата покажаa дека кај жени во постменопауза на кои им е пропишана хормонска терапија, постои значително зголемен ризик од развој на рак на дојката.

Сепак, во клиничко испитување кај жени во постменопауза што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина, намалувањето на телесната тежина за 5% ја намалува серумската концентрација на естроген и други потенцијални биомаркери за рак на дојката. Оваа студија наведува дека мал степен на намалување на телесната тежина може да има забележителен ефект врз ризикот за рак на дојката.

Во посебна студија кај жени во постменопауза што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина, намалувањето на нивната телесна тежина за 5% го намалува ризикот од инфламаторни биомаркери со потенцијална клиничка значајност во намалувањето на ризикот од рак.

Подолг, поквалитетен сон

Вишокот телесна тежина може да влијае на квалитетот на вашиот сон. Во истражување спроведено на Универзитетот Џон Хопкинс кај испитаници што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина, забележани се проблеми врзани со спиењето, како што се:

  • Несоница,
  • Замор во текот на денот,
  • Поспаност,
  • Немирен сон,
  • Или употреба на седативи за помош при заспивање.

Студијата открива дека намалувањето на севкупните телесни масти, поточно мастите во пределот на стомакот, биле најважни за подобрување на квалитетот на сонот кај испитаниците без разлика на демографските фактори.

Во студија на Универзитетот во Пенсилванија, возрасните луѓе што живеат со дебелина кои изгубиле 5% од нивната почетна телесна тежина ги подобриле времетраењето и квалитетот на сонот во период од 6 месеци. Луѓето кои на почетокот пријавиле умерени или поголеми симптоми на депресија, исто така, го подобриле нивното севкупно расположение на краток и долг рок.

Дали ве интересира колкав е вашиот BMI (индекс на телесна маса)?

Подобрување на симптомите на полицистичен оваријален синдром

Докажано е дека дебелината ја нарушува плодноста кај жените преку различни биолошки механизми.

Во една студија кај пациентки што живеат со дебелина и имаат полицистичен оваријален синдром, и применуваат нискокалорична исхрана, покажано е дека има подобрување во менструалниот циклус, овулацијата и плодноста. Во текот на студијата, кај испитаничките кои изгубиле 5% од нивната телесна тежина дошло до спонтана бременост. Авторите на студијата заклучуваат дека намалувањето на телесната тежина било ефективен пристап кај пациентки кои имале проблеми со плодноста, живеат со дебелина и имаат полицистичен оваријален синдром.

Во друга студија, 80% од жените што живеат со дебелина и со полицистичен оваријален синдром и изгубиле >5% од нивната тежина преку намален внес на храна богата со шеќери искусиле клинички значајни подобрувања во репродуктивната функција.

Олеснување на симптомите на ревматоиден артритис

Вишокот масно ткиво произведува воспалителни медијатори кои влијаат на зглобните ткива, што може да доведе до зголемена воспалителна болка врзана со ревматоиден артритис.

Дебелината, исто така, за 47% ја намалува веројатноста за постигнување одржлива ремисија (намалување или исчезнување на знаците и симптомите на болеста) како одговор на антиревматската терапија.

Во ретроспективна студија, истражувачите ги анализирале податоците од пациенти со ревматоиден артритис за период од неколку години. Најголем дел (67%) биле со прекумерна телесна тежина или со дебелина. Клинички значајно намалување на телесната тежина (≥5 kg) е поврзано со значително подобрување на ревматоидниот артритис, вкочанетоста на зглобовите, болката и функционалноста.

Истражувачите во студијата забележале дека намалување на кое било количество од телесната тежина имало придобивки кај испитаниците. Врската меѓу намалувањето на телесната тежина и намалената активност на болеста е дозно-зависна, што дава позитивни ефекти врз вкочанетоста на зглобовите, болката и функцијата со поголемо намалување на тежината.

Неалкохолен стеатохепатитис (NASH)

Забележано е дека намалувањето на телесната тежина ги подобрува хистолошките карактеристики за неалкохолниот стеатохепатитис. Со 5% намалување на телесната тежина, се изразува позитивниот резултат.

Во текот на 52-неделна студија, пациентите со неалкохолен стеатохепатитис кои ослабеле, искусиле забележливо подобрување на здравјето. Четвртина од испитаниците постигнале резолуција (минимална вредност на резултатот за воспаление (0-1) и без зголемување на клетките на црниот дроб) на стеатохепатитисот, 47% го намалиле резултатот за активност на неалкохолното замастување на црниот дроб, a кај 19% е забележана регенерација на фиброзното ткиво на црниот дроб.

Најголемите придобивки биле забележани кај пациенти кои изгубиле 10% или повеќе од нивната просечна телесна тежина, вклучително и најголема стапка на намалување на активноста на неалкохолниот стеатохепатитис, резолуција на неалкохолниот стеатохепатитис и регресија на фиброзата.

Забележано е дека намалувањето на телесната тежина за 5% го намалува процентот на масти во црниот дроб. Луѓето што постигнале намалување на телесната тежина за ≥10% имале најголемо намалување на неалкохолниот стеатохепатитис, регресијата на фиброзата, а дури 90% покажале резолуција на неалкохолниот стеатохепатитис.

Разговорот со вашиот лекар може да биде одличен прв чекор на патот кон поздравата верзија од самите себе

Здравствени придобивки од намалување на телесната тежина за 10%

Иако намалувањето на почетната телесна тежина за 5% може да има значителен ефект врз здравјето, овие придобивки продолжуваат да се зголемуваат со понатамошното намалување на телесната тежина. Неодамнешна студија ги анализира податоците на повеќе од половина милион возрасни луѓе што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина во Велика Британија.

Во кохортна-студија за намалувањето на телесната тежина, испитаниците имале средно намалување на тежината од 13%. Под претпоставка дека BMI пред намалувањето на телесната тежина бил 40 kg/m2, ова резултира со намалување на ризикот од дијабетес тип 2 (41%), апнеја во текот на спиењето (40%), хипертензија (22%), дислипидемија (19%) и астма (18%).

Понизок крвен притисок

Една студија покажува дека испитаниците кои изгубиле 10 -15% од нивната почетна телесна тежина, имаа клинички значајно подобрување на крвниот притисок. 

Во студијата, испитаниците со прекумерна тежина или со дебелина и дијабетес тип 2 постигнале просечно намалување на систолниот крвен притисок за 9 mmHg. Испитаниците, исто така, имаа придобивки од значителното подобрување на другите ризик-фактори за кардиоваскуларни болести.

Мета-анализа извршена на повеќе рандомизирани контролирани клинички студии покажува дека намалувањето на 1 kg телесна тежина е поврзано со намалување на крвниот притисок за приближно 1 mmHg. Ова ја нагласува важноста на намалувањето на телесната тежина во превенцијата и третманот на хипертензија.

Подобрување на липидните параметри

Намалувањето на телесната тежина за помалку од 15% го олеснува намалувањето на концентрацијата на „лошиот“ LDL-холестерол, триглицеридите и нивото на вкупниот холестерол.

Мета-анализа извршена на повеќе од 70 рандомизирани контролирани клинички студии покажува дека намалувањето на телесната тежина преку различни интервенции (начин на живот, фармаколошки третман и хируршки третман) е поврзано со статистички значајни промени во нивото на серумските липиди.

Дополнително подобрување на здравјето на срцето

Додека намалувањето на телесната тежина за 5% може да му помогне на вашето срце, поголемото намалување на телесната тежина води до дополнително подобрување на здравјето на срцето преку намалување на нивото на шеќерот во крвта и нивото на холестеролот.

Во клиничка студија спроведена кај возрасни луѓе што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина, количината на изгубените килограми се поврзува со подобрување на ризик-факторите. Испитаниците кои изгубиле >10% од нивната телесна тежина искусиле значително поголемо подобрување на гликемијата, триглицеридите, вкупниот холестерол и LDL-холестеролот, за разлика од пациентите кои изгубиле помалку телесна тежина.

Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ)

Преваленцата на симптомите на ГЕРБ се подобрува со намалување на тежината за ≥10% кај мажите, односно за 5-10% кај жените.

Поради високата преваленца (37%) на симптоми на ГЕРБ кај луѓето што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина, истражувачите забележале дека намалувањето на телесната тежина може да предизвика целосно повлекување на симптомите.

Помалку болки во зглобовите при остеоартритис на колено

Во клиничка студија изведена кај пациенти што живеат со дебелина и со остеоартритис на колено, просечно намалување за 13,5% од нивната почетна телесна тежина резултирало со забележливи придобивки, влучително:

  • 7% намалување на оптоварувањето на зглобот на коленото
  • 13% понизок аксијален импулс
  • 12% намалување на моментот на внатрешен абдуктор

Пациентите изјавиле дека забележале подобрување на севкупното движење и намалување на болката при физичко движење. Оттука, истражувачите наведуваат дека намалувањето на телесната тежина дава вредни придобивки кај пациентите со остеоартритис на колено и дебелина.

Во рандомизирана клиничка студија за ефектот на диетите за брзо слабеење кај луѓето со остеоартритис на колено, истражувачите утврдиле дека намалување на телесната тежина за 10% ја подобрува физичката функција за 28%.

Намалување на ризик-факторите за рак

Развојот на одредени типови рак, вклучително колоректален, рак на панкреасот, бубрезите, јајчниците и постменопаузалниот рак на дојка, се поврзува со вишокот телесни масти.

Студија која следела жени во постменопауза открива дека намалување на повеќе од 9 kg од нивната почетна телесна тежина го намалува ризикот за одредени типови рак, вклучително рак на дојката, ендометријален рак и рак на дебелото црево. Вкупното намалување на стапката на инциденцата за каков било рак било 11% во споредба со испитаници кои не постигнале намалување на телесната тежина од 9 kg.

Зголемување на сексуалното задоволство

Истражувачите го поврзале повисокиот BMI со нарушување на квалитетот на сексуалниот живот, особено кај жени и кандидати за гастричен бајпас.

Луѓето што живеат со дебелина кои изгубиле просечно 13% од телесната тежина пријавиле значително подобрување во нивниот сексуален живот. Учесниците изјавиле дека се чувствуваат поатрактивно и имаат посилна сексуална желба. Повеќето од подобрувањата биле забележани во првите три месеци, откако учесниците изгубиле просечно 11,8% од телесната тежина.

Беше спроведена студија за ерективната функција кај мажи што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина кои имаат дијабетес тип 2. Кај учесниците е спроведена интервенција за намалување на телесната тежина за 9,9%. Поголем број од овие учесници ја одржале или ја подобриле нивната ерективна функција за време на студијата.

Студија кај жени што живеат со дебелина и имаат дијабетес тип 2 покажува дека интензивна интервенција која се однесува на промена на начинот на животот со намалување на телесната тежина за приближно 7,0 kg ја подобрила нивната сексуална функција.

Помалку симптоми на постменопауза

Истражувачи проучувале жени во менопауза кои учествувале во нутриционистичкa програма, направена да го намали внесот на масти преку храната и да го зголеми внесот на овошје, зеленчук и влакна.

Жените кои изгубиле барем 10% од нивната телесна тежина имале поголема веројатност да ги намалат или да ги елиминираат менопаузалните симптоми како што се топли бранови и потење во текот на ноќта за период од една година.

Истражувачите забележале дека намалувањето на телесната тежина и здравиот начин на живот се чини дека се добар алтернативен пристап за хормонската терапија која се користи за ослободување од постменопаузалните симптоми.

Намален ризик од апнеја во текот на спиењето

Намалување на телесната тежина често се препорачува како третман за опструктивна апнеја во текот на спиењето. Опструктивната апнеја во текот на спиењето е потенцијално сериозна состојба која понекогаш може да предизвика запирање на дишењето во сон. 

Истражувачи следеле луѓе со опструктивна апнеја во текот на спиењето кои имаат дијабетес тип 2 и откриле дека сериозноста на опструктивната апнеја во текот на спиењето се намалила како резултат на намалување на телесната тежина. Испитаниците кои намалиле 10 kg или повеќе (приближно 10% од просечната телесна тежина на сите испитаници) искусиле поголемо намалување на симптомите на опструктивна апнеја во текот на спиењето. Тие заклучиле дека промената на телесната тежина доведува до подобрување на симптомите на опструктивната апнеја во текот на спиењето.

Друга студија открива дека намалување на телесната тежина за 10% било ефикасно во справување со нарушеното дишење за време на спиењето кај испитаниците, што доведува до помирен сон во текот на ноќта.

Намалување на епизодите на уринарна инконтиненција

Намалувањето на телесната тежина може да доведе до помалку епизоди на уринарна инконтиненција.

Жените што живеат со дебелина и уринарна инконтиненција покажале забележително подобрување по 6-месечна програма за намалување на телесната тежина, којашто вклучувала исхрана и физичка активност.

По просечно намалување на телесната тежина од 8%, беше забележано намалување на фреквенцијата на епизодите на уринарната инконтиненција за 47% , споредено со 28% во контролната група.

Генералниот заклучок е дека повеќе жени од групата во која се постигнало намалување на телесната тежина пријавиле клинички значајни исходи. Во некои случаи беше забележано 70% намалување на вкупниот број епизоди на инконтиненција, стрес-инконтиненција и ургентна инконтиненција.

Истражувачите заклучија дека намалувањето на уринарната инконтиненција потенцијално може да биде придобивка од умереното намалување на телесната тежина.

Подобрена меморија

Прекумерната тежина е негативно поврзана со когнитивните функции.

Слично, дебелината во средните години од животот се поврзува со зголемен ризик од деменција и Алцхајмерова болест.

Ако жени во постменопауза што живеат со дебелина почнат шестмесечна диета и намалат просечно 9,2% од нивната телесна тежина, истражувачите забележале значително подобрување на нивната епизодна меморија.

Намалувањето на телесната тежина за 10% -15% и нејзиното одржување, може да ви помогне да го подобрите вашето здравје. Дознајте кои терапевтски пристапи може да ви помогнат во вашиот обид да ја намалите телесната тежина.

Здравствени придобивки од намалување на телесната тежина за 15%

За оние што можат да направат големи, одржливи промени во начинот на животот, здравствените придобивки може да бидат исто толку големи и одржливи.

Одржливото намалување на телесната тежина подразбира посветеност на нови навики и начин на однесување.

Сепак, дополнителните придобивки од поголемо намалување на телесната тежина може да бидат корисни во зависност од вашите лични грижи. Обратете се кај вашиот лекар за медицинска процена и информации за достапните терапевтски опции за намалување на телесната тежина.

Намалувањето на телесната тежина за 15% може да помогне во:

Поддршка на имуниот систем

Намалување на телесната тежина за 5 -10% може да доведе до помалку имунолошки клетки кои предизвикуваат воспаление, а поголемо намалување доведува дури и до поголеми подобрувања.

Клиничко испитување го испитувало ефектот на намалувањето на телесната тежина врз имуните клетки кај луѓе со BMI над 35 kg/m2 и дијабетес тип 2 или предијабетес. Испитаниците изгубиле просечно 13,5% од нивната телесна тежина, покажувајќи подобрување на антиинфламаторната имунолошка рамнотежа.

Од следењето на жени во постменопауза кои живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина, кои изгубиле повеќе од 15% од нивната телесна тежина е откриено дека нивното ниво на витамин Д се зголемило три пати во текот на студијата.

Оваа промена настанала независно од нивниот специфичен, индивидуален внес на храна. Витаминот Д (молекула што се раствора во масти) помага во намалувањето на воспалението и влијае на растот на клетките и имунолошката функција.

Намален морталитет

Во студија што е спроведена на Институтот по медицина на Универзитетот во Гетеборг, истражувачите следеле возрасни луѓе што живеат со дебелина во просечен период од 10,9 години.

Испитаниците изгубиле просечно 18,3% од нивната телесна тежина како резултат на хируршки третман, што довело до 24% намалување на морталитетот во текот на студијата.

Намалување на големата потреба од храна со јаглехидрати (шеќери)

Студија докажала дека луѓето што живеат со дебелина почесто покажуваат поголема потреба за висококалорична, вкусна храна во текот на денот.

Ова доведува до зголемен внес на храна како што се хамбургери, пица и слатки, особено во периоди кога не би требало да се внесува храна.

Во друга студија кај жени што живеат со прекумерна телесна тежина или со дебелина се забележуваат слични наоди. Сепак, испитаниците биле изложени на когнитивна бихејвиорална терапија и изгубиле просечно 14,6% од нивната телесна тежина. По терапевтскиот период, жените забележале намалена склоност кон слатка храна, што довело до нормализиран одговор во однос на тоа колку вкусна ја чувствуваат храната.

Понизок ризик од хронични болести

Додека ризик-факторите за одредени хронични болести се намалуваат со умерено намалување на телесната тежина, сепак постојат и други придобивки што може да се постигнат.

Здравствените фактори како што се крвниот притисок и нивото на липиди во крвта имаат линеарна врска со намалувањето на телесната тежина.

Поголемо намалување на телесната тежина може да ги подобри здравствените маркери поврзани со хроничните болести, намалувајќи го ризикот од состојби како што се срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес.

За да си дадете најголема шанса себеси за да се ослободите од симптомите на состојби како што се опструктивна апнеја во текот на спиењето и неалкохолен стеатохепатитис, треба да намалите 10 -15% од вашата телесна тежина.

Намалување на телесната тежина што е потребно за терапевтски придобивки

Ако имате вишок килограми или живеете со дебелина, малите чекори може да бидат одличен почеток. Умерено намалување на телесната тежина можe да даде веднаш видливи придобивки за вашето здравје.

За оние што страдаат од повеќе здравствени состојби, придобивките може да се забележат со намалување на телесната тежина за 5%. Дури и со намалување на 2-3% од телесната тежина, медицинските експерти може да предвидат подобрување на нивото на холестеролот и намалување на ризикот од дијабетес.

Подобрување на здравјето продолжува со понатамошно намалување на телесната тежина. Тука ги наведовме терапевтските придобивки што може да ги забележите при секое ниво на намалување на телесната тежина.

Здравствени придобивки од 5% намалување на телесната тежина

  • Помал ризик од развој на дијабетес тип 2
  • Олеснување на симптомите на остеоартритис на колено
  • Подобрување на ризик-факторите за кардиоваскуларни болести/здравје на срцето
  • Хронично воспаление врзано со дебелината
  • Помалку ризик-фактори за рак
  • Подолг, поквалитетен сон
  • Подобрување на симптомите на полицистичен оваријален синдром
  • Олеснување на симптомите на ревматоиден артритис
  • Неалкохолен стеатохепатитис (NASH)

Здравствени придобивки од 10% намалување на телесната тежина

  • Понизок крвен притисок
  • Подобрување на липидните параметри
  • Дополнително подобрување на здравјето на срцето
  • Подобрување на симптомите на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ)
  • Помалку болки во зглобовите при остеоартритис на колено
  • Намалување на ризик-факторите за рак
  • Зголемување на сексуалното задоволство
  • Помалку симптоми на постменопауза
  • Намален ризик од апнеја во текот на спиењето
  • Намалување на епизодите на уринарна инконтиненција
  • Подобрена меморија
  • Подобрување на симптомите на неалкохолен стеатохепатитис (NASH)

Здравствени придобивки од 15% намалување на телесната тежина

  • Подобар одговор на имуниот систем
  • Намален морталитет
  • Намалување на големата потреба од храна со јаглехидрати (шеќери)
  • Понизок ризик од хронични болести

Завршни мисли

Не постои брзо решение за намалување на телесната тежина. Како што напредувате на вашиот пат кон намалувањето на телесната тежина, покажете трпеливост и долготраен начин на размислување. Здравјето не e единствено дефинирано со број на вагата.

Повеќето од поврзаните здравствени придобивки се случуваат постепено во текот на повеќе години. Здравјето е долготраен начин на живот, а не спринт до крајот.

Може да искусите големи и непроценливи придовики што се однесуваат на квалитетот на животот, проследени со постепено ублажување на здравствените проблеми.

Иако може да е тешко да се изоди патот до поздрав начин на живот, сетете се - тој пат од илјадници километри започна со еден мал чекор. Покажете дека малите промени што ги правите сега, може да имаат огромен ефект во иднина.

Ако здравствените придобивки од намалувањето на телесната тежина почнат да ви имаат смисла, сметајте дека одовде може да го почнете вашиот пат кон намалување на телесната тежина.

Вашиот пат почнува со разговор со лекар што е едуциран за справување со дебелината. Дознајте како да го почнете разговорот.

Референци
  • Valentino, G et al, “Body fat and its relationship with clustering of cardiovascular risk factors” Nutr Hosp. 2015;31(5):2253-2260 ISSN 0212-1611 • CODEN NUHOEQ S.V.R. 318
  • Magkos F et al, “Effects of Moderate and Subsequent Progressive Weight Loss on Metabolic Function and Adipose Tissue Biology in Humans with Obesity” February 22, 2016. DOI: 10.1016/j.cmet.2016.02.005
  • “Losing Weight” Centers for Disease Prevention and Control, (Online) Available: https://www.cdc.gov/healthyweight/losing_weight/
  • “National Diabetes Prevention Program: Why Participate?” Centers for Disease Control and Prevention. Reviewed October 29, 2018. Available: https://www.cdc.gov/diabetes/prevention/why-participate.html
  • Felson DT et al, “Weight loss reduces the risk for symptomatic knee osteoarthritis in women.” The Framingham Study. April 1, 1992. Ann Intern Med 1992;116:535–9. doi.org/10.7326/0003-4819-116-7-535
  • Messier SP et al, “Exercise and dietary weight loss in overweight and obese older adults with knee osteoarthritis: the Arthritis, Diet, and Activity Promotion Trial.” May 2004. doi: 10.1002/art.20256.
  • Christensen R et al, “Effect of weight reduction in obese patients diagnosed with knee osteoarthritis: a systematic review and meta-analysis” April, 2007. Ann Rheum Dis 2007;66:433–9.
  • “Obesity” British Heart Foundation, (Online) Available: https://www.bhf.org.uk/informationsupport/risk-factors/your-weight-and-heart-disease
  • Brown, Joshua D et al ”Effects on cardiovascular risk factors of weight losses limited to 5-10%” Translational behavioral medicine vol. 6,3 (2016): 339-46. doi:10.1007/s13142-015-0353-9
  • Ryan, DH et al, “Weight Loss and Improvement in Comorbidity: Differences at 5%, 10%, 15%, and Over” Current obesity reports vol. 6,2 (2017): 187-194. doi:10.1007/s13679-017-0262-y
  • Andersen, C J et al, “Impact of Obesity and Metabolic Syndrome on Immunity” Adv Nutr. 2016 Jan; 7(1): 66–75. Published online 2016 Jan 7. doi: 10.3945/an.115.010207
  • Bianchi, V E, “Weight loss is a critical factor to reduce inflammation.” Clinical nutrition ESPEN vol. 28 (2018): 21-35. doi:10.1016/j.clnesp.2018.08.007
  • Tamimi, RM et al, “Combined E and T Use and Risk of Breast Cancer in Postmenopausal Women.” July 24, 2006. Arch Intern Med. 2006;166(14):1483-1489. doi:10.1001/archinte.166.14.1483
  • Campbell, K L et al, “Reduced-calorie dietary weight loss, exercise, and sex hormones in postmenopausal women: randomized controlled trial.” Journal of clinical oncology: official journal of the American Society of Clinical Oncology vol. 30,19 (July 1, 2012): 2314-26. doi:10.1200/JCO.2011.37.9792
  • Imayama, I et al, “Effects of a caloric restriction weight loss diet and exercise on inflammatory biomarkers in overweight/obese postmenopausal women: a randomized controlled trial.” Cancer research vol. 72,9 (2012): 2314-26. doi:10.1158/0008-5472.CAN-11-3092
  • “Losing Weight, Especially in the Belly, Improves Sleep Quality, According to a Johns Hopkins Study” John Hopkins Medicine (Online) Available: https://www.hopkinsmedicine.org/news/media/releases/losing_weight_especially_in_the_belly_improves_sleep_quality_according_to_a_johns_hopkins_study
  • Alfaris, N et al, “Effects of a two-year behavioral weight loss intervention on sleep and mood in obese individuals treated in primary care practice.” Obesity (Silver Spring, Md.) vol. 23,3 (2015): 558-64. doi:10.1002/oby.20996
  • Silvestris, E et al, “Obesity as disruptor of the female fertility.” Reprod Biol Endocrinol 16, 22 (2018). https://doi.org/10.1186/s12958-018-0336-
  • Crosignani, P G et al, “Overweight and obese anovulatory patients with polycystic ovaries: parallel improvements in anthropometric indices, ovarian physiology and fertility rate induced by diet.” September 18, 2003. PMID: 12923151 DOI: 10.1093/humrep/deg367
  • Lim, S S et al, “Obesity Management in Women with Polycystic Ovary Syndrome” First Published January 1, 2007 https://doi.org/10.2217/17455057.3.1.73
  • Sudoł-Szopińska, I et al, “Role of inflammatory factors and adipose tissue in pathogenesis of rheumatoid arthritis and osteoarthritis. Part I: Rheumatoid adipose tissue.” June 30th 2013. doi: 10.15557/JoU.2013.0019
  • Schulman, E et al, “Overweight, Obesity, and the Likelihood of Achieving Sustained Remission in Early Rheumatoid Arthritis: Results From a Multicenter Prospective Cohort Study.” July 13, 2018. PMID: 29193840 DOI: 10.1002/acr.23457
  • Kreps, D J et al, ”Association of weight loss with improved disease activity in patients with rheumatoid arthritis: A retrospective analysis using electronic medical record data.” International journal of clinical rheumatology vol. 13,1 (2018): 1-10. doi:10.4172/1758-4272.1000154
  • Vilar-Gomez, E et al, “Weight Loss Through Lifestyle Modification Significantly Reduces Features of Nonalcoholic Steatohepatitis.” Gastroenterology 2015;149:367–78.
  • Haase, C L et al, “Weight loss and risk reduction of obesity-related outcomes in 0.5 million people: evidence from a UK primary care database.” Int J Obes (2021). https://doi.org/10.1038/s41366-021-00788-4
  • Wing RR et al, “Benefits of modest weight loss in improving cardiovascular risk factors in overweight and obese individuals with type 2 diabetes.” Diabetes Care 2011;34:1481–6.
  • Neter, JE et al. “Influence of Weight Reduction on Blood Pressure - A Meta-Analysis of Randomized Controlled Trials.” September 15, 2003. Hypertension. 2003;42:878–884 https://doi.org/10.1161/01.HYP.0000094221.86888.AE
  • Hasan, B et al. “Weight Loss and Serum Lipids in Overweight and Obese Adults: A Systematic Review and Meta-Analysis.” December 1, 2020. PMID: 32954416 DOI:10.1210/clinem/dgaa673
  • Singh M et al. “Weight loss can lead to resolution of gastroesophageal reflux disease symptoms: a prospective intervention trial.” Obesity (Silver Spring) 2013;21:284–90.
  • Aaboe, J et al. “Effects of an intensive weight loss program on knee joint loading in obese adults with knee osteoarthritis.” Osteoarthritis Cartilage 2011;19:822–8.
  • Christensen, R et al. “Weight loss: the treatment of choice for knee osteoarthritis? A randomized trial.” January 13, 2005. doi: 10.1016/j.joca.2004.10.008.
  • Fruh, S M et al. ”Obesity: Risk factors, complications, and strategies for sustainable long‐term weight management.” Published online 2017 Oct 12. doi: 10.1002/2327-6924.12510
  • Parker, ED et al, “Intentional weight loss and incidence of obesity‐related cancers: The Iowa Women's Health Study.” International Journal of Obesity and Related Metabolic Disorders: Journal of the International Association for the Study of Obesity, 27(12), 1447–1452.
  • Kolotkin, RL et al. “Obesity and sexual quality of life” Obesity (Silver Spring) 2006 Mar;14(3):472-9. doi: 10.1038/oby.2006.62.
  • Duke Health News. Weight Loss Significantly Improves Sexual Quality of Life. News & Media. Published October 17, 2005. Updated January 20, 2016. Available: https://corporate.dukehealth.org/news/weight-loss-significantly-improves-sexual-quality-life
  • Wing, RR et al. “Effects of Weight Loss Intervention on Erectile Function in Older Men with Type 2 Diabetes in the Look AHEAD Trial.” Published online 2009 Aug 17. doi: 10.1111/j.1743-6109.2009.01458.x
  • Wing, RR et al. “Effect of Intensive Lifestyle Intervention on Sexual Dysfunction in Women With Type 2 Diabetes.” Published online 2013 Sep 14. doi: 10.2337/dc13-0315
  • Kroenke, C H et al. “Effects of a dietary intervention and weight change on vasomotor symptoms in the Women's Health Initiative.” Menopause (New York, N.Y.) vol. 19,9 (2012): 980-8. doi:10.1097/gme.0b013e31824f606e
  • Foster, G D et al, “A Randomized Study on the Effect of Weight Loss on Obstructive Sleep Apnea Among Obese Patients With Type 2 Diabetes - The Sleep AHEAD Study” Arch Intern Med. 2009 Sep 28; 169(17): 1619–1626. doi: 10.1001/archinternmed.2009.266
  • Peppard, P E et al. “Longitudinal study of moderate weight change and sleep-disordered breathing.” JAMA vol. 284,23 (2000): 3015-21. doi:10.1001/jama.284.23.3015
  • Subak LL et al. “Weight loss to treat urinary incontinence in overweight and obese women.” N Engl J Med 2009;360:481–90.
  • Boraxbekk, CJ et al. “Diet-Induced Weight Loss Alters Functional Brain Responses during an Episodic Memory Task.” Published online 2015 July 1. doi: 10.1159/000437157
  • Kivipelto M et al. ”Obesity and Vascular Risk Factors at Midlife and the Risk of Dementia and Alzheimer Disease.” Arch Neurol. 2005;62(10):1556–1560. doi:10.1001/archneur.62.10.1556
  • Viardot, A et al. “The effects of weight loss and gastric banding on the innate and adaptive immune system in type 2 diabetes and prediabetes.” The Journal of clinical endocrinology and metabolism vol. 95,6 (2010): 2845-50. doi:10.1210/jc.2009-2371
  • Mason, C et al. “Effects of weight loss on serum vitamin D in postmenopausal women.” The American Journal of Clinical Nutrition, Volume 94, Issue 1, July 2011, Pages 95–103, https://doi.org/10.3945/ajcn.111.015552
  • “Vitamin D – Fact Sheet for Health Professionals” U.S. Department of Health and Human Services” (Online) Available: https://ods.od.nih.gov/factsheets/VitaminD-HealthProfessional//
  • Sjöström, L et al. “Effects of bariatric surgery on mortality in Swedish obese subjects.” New England Journal of Medicine. 2007 Aug 23;357(8):741-52. doi: 10.1056/NEJMoa066254.
  • Roefs, A et al. “Food craving in daily life: comparison of overweight and normal-weight participants with ecological momentary assessment.” Journal of Human Nutrition and Dietetics 2019 Dec;32(6):765-774. doi: 10.1111/jhn.12693.
  • Nishihara, T et al. “Effects of Weight Loss on Sweet Taste Preference and Palatability following Cognitive Behavioral Therapy for Women with Obesity.” Obesity facts vol. 12,5 (2019): 529-542. doi:10.1159/000502236
  • Ditschuneit, H et al, “Lipoprotein responses to weight loss and weight maintenance in high-risk obese subjects.” Eur J Clin Nutr 56, 264–270 (2002). https://doi.org/10.1038/sj.ejcn.1601375

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар
ТРЕТМАНИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар

Да почнете разговор за дебелината може да биде тешко, дури и со вашиот лекар.

Совладајте го гладот: Како да планирате, подготвувате и јадете здрава храна
СОВЕТИ   СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   НАЧИН НА ЖИВОТ | 6 min. read

Совладајте го гладот: Како да планирате, подготвувате и јадете здрава храна

Ние немаме целосна контрола врз телесната тежина. Но малите промени во начинот на кој се однесуваме кон нашата непосредна околина сепак може да имаат влијание. Составивме листа која опфаќа совети од планирање здрави оброци до одржување на физичката активност, која може да ви биде од помош.

Пресметајте го вашиот BMI
АЛАТКИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   САМОСТОЈНА ПРОЦЕНА | 5 min. read

Пресметајте го вашиот BMI

Индексот на телесна маса (BMI) го претставува односот на висината и тежината, според кој возрасната популација се категоризира во група на потхранети (со недоволна телесна тежина), со прекумерна телесна тежина или со дебелина.