Волја или биологија: Кој управува?
За да ослабете ќе треба да јадете помалку и да се движите повеќе. Но многу аспекти од нашиот избор на храна и физичка активност се одредени од сложен биолошки систем што е надвор од нашата волја.
Според Светската здравствена организација, повеќе од 650 милиони луѓе ширум светот денес живеат со дебелина.
Многу од нив имале тешкотии поврзани со телесната тежина со години, дури и децении. Ако разговарате со нив ќе дознаете дека на секој можен начин се обидувале да ја намалат телсената тежина, но секој пат ги враќале изгубените килограми.
Многумина биле заробени во овој безизлезен циклус на телесната тежина.
Животот со дебелина е предизвик, но најтешкиот дел е тоа што општеството смета дека луѓето што живеат со дебелина го избрале овој пат. Но тоа не е вистина.
Постои научна заедница која ја препознава дебелината како сложена болест со големо генетско влијание, влијание од средината и невробиолошко влијание. Ова здружение смета дека многу луѓе што живеат со дебелина никогаш не ja добиле соодветната грижа и поддршката што ја заслужуваат за справување со нивната телесна тежина.
Новите сознанија за дебелината влеваат надеж дека циклусот на телесната тежина може да се прекине преку научно разбирање на болеста и на она што е потребно за нејзин третман. Луѓето што живеат со дебелина можат и треба да се поддржат од здравствените работници на начин кој не поддржува дискриминација, се базира на знаење и без стигматизација.
Ако барате одговор на прашањата за науката позади дебелината, нејзините причини и докажаните терапевтски опции, Вистината за дебелината е вистинско место од кадешто може да почнете.