
Бев на работ на смртта на 17 март 2020 година, како резултат на корона вирусот. Не дека бев заразен со вирусот... всушност, не бев.
Повеќе од 650 милиони луѓе ширум светот живеат со дебелина, што е двојно повеќе во споредба од пред само 20 години. И покрај ова драматично зголемување, општеството се уште нема целосно разбирање за тоа што значи да се живее со дебелина. За тоа дека позади статистичките податоци се наоѓаат вистински луѓе чии патишта во животот се промениле и чии партнери, деца и семејства, исто така се засегнати од дебелината.
Во овој дел говориме за нивните животни приказни со цел подобро да разбереме што значи да се живее со дебелина и да научиме од искуствата на оние што ги поддржуваат.
Бев на работ на смртта на 17 март 2020 година, како резултат на корона вирусот. Не дека бев заразен со вирусот... всушност, не бев.
„Повеќето интервенции за справување со дебелината се фокусираат на превенцијата и тоа го прават преку „едукација“. Но постои причина зошто овој пристап немаше влијание врз дебелината, без разлика колку се обидуваме да едуцираме.“
Јас живеам со дебелина веќе 35 години. Всушност, од моите тинејџерски години. Верувале или не, токму поради тоа и одлично ги познавам социјалното дистанцирање и социјалната изолација. Тоа е темата на оваа објава.
„Дебелина – Вистината од прва рака“ ги става во фокус животните приказни на Сара и Винфорд, коишто живеат со дебелина, хронична болест која засега повеќе од 650 милиони луѓе на глобално ниво. Нивните обиди да се справат со оваа болест и со товарoт на стигмата се прикажани преку серија портрети насликани од Аби Трејлер-Смит, фотографка од Обединетото Кралство.
Што значи да се биде маж во современиот свет? Спротивставените пораки и очекувањата на општеството од мажите не само што можат да го попречат чувството за идентитет туку можат да влијаат и врз нивното здравје.
Животот со дебелина е секогаш предизвик, но за време на карантините кога треба да бидете дома може да биде попредизвикувачки од кога било.
„Имав 28 години и 180 килограми. Бев мажена и мајка на две прекрасни момчиња. Можев да бидам среќна за многу работи во животот, но бев многу депресивна. Не сакав да зборувам за тоа. Не сакав да признаам дека имам проблем со тежината. Луѓето ме прашуваа: „Како стигна до оваа тежина? Како стигна до 180 килограми?“
„Обезни. Дебели. Со прекумерна тежина. Со зголемена телесна тежина. Со тешки коски. Крупни. Со вишок маснотии. Нездрава телесна тежина. Ова се само некои од бесконечната листа на зборови што се користат за да се опише тежината на луѓето.
„Порано мислев дека застапувањето на пациенти е само за луѓе кои не се во состојба да зборуваат во свое име: ранлива категорија пациенти во општеството или оние со нарушено ментално здравје. Сметав дека застапничките групи се големи организации што се борат само за големи прашања, како што се правата на пациентите, застапување на пациентите и свесност за болеста. Сега знам дека застапувањето е многу повеќе од тоа“ .
„Се викам Андреас и живеам со дебелината. Јас лично не сум дебел, но моите родители беа дебели, а мојата свршеница Мелани моментално живее со оваа хронична болест. Па така, иако јас лично не го носам товарот на дебелината, сепак секојдневно се соочувам со неговото влијание.“ - Андреас Херд